Хаѕидакис: 50-50 се шансите за решение на прашањето со името


Пола-пола се шансите за решение на прашањето со името според информациите што протекуваат од грчкото МНР, вели потпретседателот на грчката партија Нова демократија, Костис Хаѕидакис во интервју за радиото на грчката новинска агенција, „Практорио фм“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Хаѕидакис коментира дека „работите не се едноставни“ во преговорите за името.

– Од самото Министерство за надворешни работи протекува дека шансите веќе се 50-50, додека пак до неодамна министерот беше хипер-сигурен дека ќе донесе одлично решение. Ние јасно имаме кажано, особено по последните изјави од страна на ПЈРМ, дека решението за Скопјаните нема да е ерга омнес, дека веќе се поставува едно суштинско прашање во врска со преговорите, рекол Хаѕидакис, пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА.