СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за состојбата во Град Скопје


СДСМ преку соопштение реагира на денешната изјава на Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.

Според СДСМ, единствени резултати од расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ се криминалните тендери.

‘’ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за состојбата во Град Скопје, бидејќи наместените тендери за остварување криминални интереси, уништеното зеленило, лажниот барок и еден од најзагадените градови во Европа се единствените резултати од владеењето на таа партија со Град Скопје’’, се вели во реакцијата на СДСМ.

‘’Ниту едно празно обвинување на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги сокрие овие поразителни факти ниту пак ќе ги засени придобивките од одговорното работење на градската администрација предводена од СДСМ и градоначалникот Шилегов. Залудни се лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ. Времето кога локалната и централната власт работеа за партиски интереси и лично богатење, а потребите на граѓаните беа игнорирани, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Градската аминистрација предводена од СДСМ и градоначалникот Шилегов работат одговорно, домаќински и отчетно, а одлуките што се носат се единствено во интерес на граѓаните на Град Скопје’’, стои во реакцијата.