(ФОТО) Скара-дипломатија: Што ќе ни зготви Никола Димитров?


Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, објави фотографија на која позира со престилка за готвење.

На неа пишува „Крал на скарата“.

Шефот на македонската дипломатија в среда треба да има нова средба во Виена со својот грчки колега Никос Коѕиас.

На средбата тие ќе бидат заедно со посредникот во спорот за името Метју Нимиц, јавија грчките медиуми.

Според медиумите во Атина, новата средба се планира во голема тајност.

Димитров и Коѕиас, како што веќе беше соопштено по нивната средба во Охрид, ќе се сретнат и на двете конференции кај јужниот сосед, едната на 3 и 4 мај во Солун, другата една седмица подоцна во Сунио, близу Атина.