Премиерот Заев ќе го разгледа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за јавното обвинителство


Премиерот Зоран Заев најави дека викендов ќе го разгледува предлогот за судбината на СЈО што денеска го предложи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, истакнувајќи дека се е вредно за размислување. -Ние сакаме да го осигураме обвинителниот систем на Република Северна Македонија заради тоа што огромен дел од тоа е нашето правосудство со што ќе го […]

Пендаровски со градоначалникот на Солун, Бутарис разговараа за економска соработка


Со потпишувањето и имплементацијата на Преспанскиот договор отворена е нова перспектива во односите меѓу Северна Македонија и Грција во сите сфери од заеднички интерес, констатираа шефот на државата Стево Пендаровски и  градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис на денешната средба во Скопје. Во тој контекст се согласија дека има унапредување на односите и дека постојат можности […]

Лекарската комора задоволна од измените во Законот


Лекарската комора на Македонија соопшти дека ги поддржува измените во Законот за здравствена заштита, кои, како што посочуваат, имаат за цел обезбедување подобра здравствена заштита и поквалитетни услуги, а на младите колеги им овозможуваат нормални услови за специјализација и нивна стручна надградба. Од Лекарската комора посочуваат дека дел од измените се долгогодишни нивни заложби и […]

Општината расфрла сол како спас од пеколните горештини во Кавадарци


Општината расфрла сол како спас од пеколните горештини во Кавадарци. -Општина Кавадарци ги следи европските принципи на работење во справувањето со последиците од високите температури. Денеска Јавното претпријатие „Комуналец“ и надлежните од општината за првпат спроведоа акција за посипување со индустриска сол на прегреаниот асфалт на две кавадаречки сообраќајници, информираа од локалната самоуправа. Сол беше […]

Шилегов: Поднесена првата кривична пријава за неовластено фрлање отпад


Првпат во историјата на Град Скопје денеска е напишана првата кривична пријава за неовластено фрлање смет. Станува збор за лице фатено на самото место, на улицата „Александар Урдаревски“ во Општина Бутел. Градскиот инспекторат во соработка со Министерството за внатрешни работи изврши увид, земени се сите докази и е поднесена кривична пријава. Нема да правиме компромис […]

Мицкоски бара детална истрага за обвинителите во СЈО, предлага нов закон за ЈО


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска побара детална истрага за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и за нејзината релација со двајцата обвинети во случајот „Рекет“. Мицкоски на прес-конференцијата во седиштето на партијата побара и детална истрага за директна или индиректна поврзаност на останатите обвинители, но и со псевдонимите за кои, како што наведе, јавноста има сознанија […]

(ВИДЕО) Протест во Скопје, нападнат братот на Ел Чека


Поттикнати од обајвувањето на прислушуваните разговори група граѓани протестираат против ДУИ на плоштадот Скендербег. Пред почетокот на протестот организиран од семејството на Ел Чека, се случи инцидент, братот на Ел Чека е повреден од страна на Исмет Гури, посведочи мајката на нападнатиот. Се уште не е познато со каков предмет го нападнал, но неговата мајка, […]

Случај „Рекет“: Во обвинителството повикани градоначалниците на Карпош и на Битола


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција испитало повеќе лица за кои смета дека можат да помогнат во истрагата за случајот „Рекет“, во кој притворени се Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милевски (Зоки Кичеец). „Во текот на вчерашниот ден, по телефонски повик од јавен обвинител, во обвинителството даде изјава градоначалникот на […]

Политичката криза во Шпанија ја компликува ратификацијата на Протоколот


Во еден неочекуван развој на настаните, ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО до декемврискиот самит на Алијансата може да заглави во Шпанија поради политичката криза во земјата. По изборите во април, премиерот Педро Санчез не успеа во четвртокот да биде избран за претседател на владата во вториот обид и сега целата процедура се одложува […]

Блупринт: Предлог-законот за Јавното обвинителство е донесен избрзано


Последното законско решение за Јавното обвинителство, според Блупринт групата за реформи во правосудството е донесено избрзано, без нивна консултација и во договор само меѓу партиите. За случајот „Рекет“ сметаат дека спред гласините што се шират во јавноста за неговите дејствија, не е во согласност со законот за кривична постапка. Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за […]

Членови на МАНУ: Расправата за историјата на Македонците и на Бугарите треба да се води непристрасно и независно од политиката


Членови на МАНУ денеска преку соопштение ги изнесоа своите ставови во врска со, како што наведуваат, некои проблематични толкувања на македонската културна историја од официјални претставници на државата кои произлегоа од договорите потпишани со соседните земји. – На иницијатива на Одделението за лингвистика и литературна наука при МАНУ, ние, долу потпишаните членови на МАНУ, го […]

Средба Ахмети-Рикер: Да се работи на унапредување на судството и односите со соседите


Вршителот на должност помошник – државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер на денешната средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети во седиштето на ДУИ во тетовска Мала Речица разговараше за актуелните политички случувања во државата. Двајцата соговорници се согласни дека треба да се работи на унапредување на судството и односите со […]

Почна масовната акција за генерално чистење на Скопје


Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, во соработка со останатите градски претпријатија, денеска започнаа масовна дводневна акција за генерално чистење на сите скопски општини. Во рамките на акцијата ќе се реализираат активности за миење на главните и на споредните улици со автоцистерни, рачно и машинско метење, како и отстранување на дивите депонии. ЈП „Комунална хигиена“-Скопје […]

Повеќе од половина од мајките дојат во првите шест месеци од раѓањето на бебето


Педесет до шеесет проценти од мајките дојат во првите шест месеци. Сакаат да дојат 85 до 90 проценти од мајките, но имаат некакви компликации. Токму затоа во примарната здравствена заштита со мајките треба да ги надминуваме тешкотиите со кои тие се соочуваат за време на доењето, изјави денеска претседателот на поткомитетот за промоција, заштита и […]

Рикер: Направивте многу, очекуваме наскоро да станете 30-та членка на НАТО и да добиете датум за преговори


Северна Македонија преку Преспанскиот договор покажа пример за храбри решенија на проблемите и способност за придвижување напред кон позитивна и светла иднина. Во САД со восхит се гледа на она што вие и вашата земја го направивте. Во тој дух земјата треба да продолжи, а опозицијата да се вклучи во процесите. Земјата треба да овозможи […]

Положено цвеќе на гробовите од жртвите на земјотресот во 1963 година


На градските гробишта во Бутел, домашни и странски делегации положија цвеќиња пред споменикот на загинатите од катастрофалниот земјотрес во Скопје, во далечната 1963 година. Во чест на загинатите, венец положи и официјална делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, а составена од секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска-Мадиќ и претседателката […]

Двојни рампи на паркиралиштето „Аутомакедонија“


Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ – Скопје, денеска го пушти во употреба новиот систем за контрола на пристап на возила со двојни рампи на затвореното паркиралиште „Аутомакедонија“. – Поради секојдневната злоупотреба на досегашниот систем и бројните жалби и поплаки од граѓаните, ЈП ПОЦ го воведе системот со двојни рампи со цел […]

Заев: Ќе се најдеме во непријатна состојба ако не се донесе законот за ЈО


За премиерот Заев посакувано решение за законот за ЈО е да биде донесен со консензус со опозицијата, зашто во спротивно, вели, државата ќе биде во непријатна состојба да се изнаоѓаат други можни решенија. Ова го истакна на новинарско прашање премиерот Заев за тоа што мислел со тоа што го кажал на седницата за пратенички прашања […]

Рикер: Опозицијата да биде конструктивна за СЈО, заврши времето на политички игри


Помошникот државен секретар на САД Филип Рикер ја повика опозицијата да покаже конструктивност за законот за јавно обвинителство, со кој треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство и порача дека времето за политички игри веќе е поминато. -Се радувам на можноста да се сретнам со опозицијата. Како и во секоја вистинска демократија […]

Цветанов доби функција, а Зиков втора шанса во МЕПСО


Сашо Василевски, околу кој деновиве се развива случајот со станот што го купил од фирма која е под истрага на СЈО, минатата недела беше разрешен од директорската позиција во МЕПСО, по препорака на Владата до надзорниот одбор на компанијата. МЕПСО беше можеби единственото акционерско друштво во државна сопственост во кое, во текот на „чистката“ на […]