Германскиот амбасадор му ја врачи Хесенската награда за мир на Заев


Амбасадорот на Германија, Томас Герберих, денеска му ја врачи на претседателот на СДСМ, Зоран Заев,  Хесенската награда за мир од страна на Фондацијата „Алберт Освалд“ од германската покраина Хесе. Освен Заев добитник на гоинашнава награда е и поранешниот премиер на Грција и лидерот на партијата Сириза, Алексис Ципрас. СДСМ соопшти дека амбасадорот Герберих изјавил дека […]

Авион од Брисел „заробен“ на Аеродромот во Скопје


Патници што дошле со авион од Брисел мора да останат „заробени“ на аеродромот додека не се добијат резултатите од тестирањето на корона вирус на неколку од нив кои покажале симптоми на грип. Ова го соопшти вечерва на прес конференција министерот Венко Филипче кој се огради дека можеби станува збор за обичен грип но состојбата на […]

(Во живо) Прес на министерот Филипче, откако бројката на заболени се искачи на 31


Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска, во 19 часот, ќе одржи прес-конференција, откако беа регистрирани уште пет случаи на заболени со Ковид-19, од кои двајца доктори и две медицински сестри од Дебар, град во кризна состојба веќе неколку дена.

Владата разгледува можност ако некој излезе од државата да не се враќа три месеци


Владата на Република Северна Македонија на денешната 21 седница, го разгледа и го усвои Записникот од Вториот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на 17 март 2020 година и заклучи истиот да се достави до сите надлежни институции, со […]

Нови пет заболени, бројката се искачи на 31, меѓу нив доктори и сестри од Дебар


Попладнево на коронавирус беа тестирани 10 пациенти, од нив 5 се позитивни на вирусот. Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и 4 здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар. Со ова, бројката на заболени со коронавирус во земјата се искачи на 31, напиша министерот за здравство Венко Филипче […]

Австрија и Западен Балкан заедно против Ковид-19


Австрискиот канцелар Себастијан Курц, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и премиерите на земјите од Западен Балкан одржаа денеска видео конференција, на која главна тема беше борбата против пандемијата на коронавирусот. – Оваа пандемија претставува голем проблем за секој поединец, општество и здравствените системи и покажува колку нашите општества и економии се поврзани, поради што мораме […]

Столтенберг: Добредојдовте во НАТО


Генералниот секретар на НАТО алијансата Јенс Столтенберг ја поздрави ратификацијата на Пристапниот протокол од шпанскиот Сенат и го честита членството на Северна Македонија. „Шпанскиот Сенат го ратификуваше пристапниот Протокол за влез на Северна Македонија во НАТО. Со тоа сите сојузници и посакаа добредојде на идната 30-та земја членка. Честитки, Северна Македонија“, објави на својот Твитер […]

ИВЗ одлучи, нема организирани молитви во џамиите


– Како превенција од ширење на вирусот Ковид-19, низ сите џамии во државата нема да се одржуваат организирано намаз молитвите, информира на прес-конференција претседателот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман еф. Реџепи. Тој, исто така, наведе дека организирано нема да се одржи ниту петочната молитва. – Муезините се обврзани да одржат езанот (повикот за молитва) […]

Почнува средбата на експертите за изборите


Откако лидерите решија дека треба да се одложат  предвремените парламентарни избори закажани за 12 април, се договори и средбата на експертскиот тим што требаше да го формира претседателот Стево Пендаровски и кој треба да најде правна основа како да се одлоѓат старите, да се распишат нови избори и како да се прогласи евентуално вонредна состојба. […]

Ако продолжат верските собири Филипче ќе предложи нивна забрана


Погребите да се прават во кругот на семејството, да не се посетуваат бањско климатски лекувалишта, домовите за стари лица да го намалат бројот на нови лица за згрижување, граѓаните да не ангажираат мајстори за реновирање, апелираше денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче повторувајќи ја препораката за избегнување места со поголем број луѓе како […]

Димитров: Веројатно дигитален ќе биде состанокот за влез во следната фаза на евроинтеграциите


Шефот на дипломатијата Никола Димитров во овие, како што рече, исклучително вонредни кризни околности не сака да дава прогнози за тоа дали ќе добиеме зелено светло за датум за почеток на преговори со Унијата, но напомена дека не гледа суштински пречки конечно да влеземе во следната фаза од евроинтеграциите. Тој денеска на заедничката прес-конференција со […]

МВР: Од утре изменето работно време на отсеците за управни работи


Во насока на почитување на заклучоците, мерките и препораките на Владата, а со цел превенција од ширење на коронавирусот, Отсеците за управни работи и Одделението за управни работи Скопје во состав на Одделот за граѓански работи при МВР, започнувајќи од утре, среда ( 18 март.) ќе работат со изменето работно време. Како што соопшти МВР, […]

Филипче: Пикот за околу месец дена, се очекува во земјава да има околу 2.000 заболени од Ковид 19


Министерот за здравство Венко Филипче очекува во земјава да има околу 2.000 заболени од Ковид 19 и за месец дена да биде пикот на болеста, но не препорачува граѓаните тоа да го сфатат здраво за готово бидејќи се базира на претпоставки. -Секоја вироза има пик по што се намалува бројот на заболени. Тешко е да […]

(ВИДЕО) Заев побарал вонредна состојба, експерти ќе решаваат за изборите


Лидерот на СДСМ Зоран Заев побарал од претседателот Стево Пендаровски да формира експертски тим кој ќе бара решение како да се најде правна основа за одлагање на изборите, за нивно повторно закажување и за прогласување на вонредна состојба.  Според Заев со Уставот се пропишани слободи и права на граѓаните кои можат да се ограничат само […]

ДПА ја напушти лидерската средба, биле декор


Орхан Ибраими, кој ја преставуваше ДПА на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски , си излезе пред таа да заврши бидејќи се чувствувале како декор во однос на македонските партии. -Како албанска политичка партија сме декор за овие институции и за земјата. Одлуките се однапред донесени, порача Ибраими откако си излезе од лидерската средба.

Филипче: Подготвени сме да ги примиме сите пациенти, групен карантин за 200 патници


Вкупно има 26 пациенти заболени од корона вирус, од кои 17 во Скопје, а 9 во Дебар, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција. Од новите случаи, еден од пациентите е сместен на Инфективната клиника во Скопје, а другите се уште дома, но во текот на денот ќе бидат донесени на Инфективна. Дополнително […]

И Унгарија ги затвора границите, нашинци има заглавено и во Перу


Министерот за надворешни работи Никола Димитров, изјави денес дека според информациите што ги има и Унгарија ќе ги затвори границите со што враќањето на македонските граѓани кои се уште се наоѓаат во странство дополнително ќе се отежне. Тој рече дека уште чека потврда за информацијата и повторно апелираше до сите наши граѓани да ги одложат […]

Литургии на отворено препорача Скопската епархија


Канцеларијата на Скопската православна епархија покрај веќе препорачаното од страна на Македонската православна црква-Охридска архиепископија за територијата на Скопската православна епархија, донесе повеќе мерки за заштита од корона вирусот. Парохиските свештеници треба да прекинат со водосвети по домовите, а традиционалниот водосвет во пресрет на празникот Велигден, за оваа година да се помести по Светлата недела, Светата […]