Турција утре со авион ќе донесе медицинска помош за Македонија
Во рамките на борбата со COVID-19, Турција ќе и даде на Македонија помош во медицински материјали. Според соопштението од Владата, помошта се состои од 50.000 парчиња заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и 1.000 дијагностички тестови. Авионот на турските воени сили кој го носи здравствениот материјал ќе слета на меѓународниот аеродром во Скопје утре попладне. […]