Генералка во Скопје (галерија)


Фото: Б. Грданоски

Скопје по три месеци карантин, се враќа во нормала. Денес во главниот град вриеше како во кошница. Беше раздвижено и на улиците и на плоштадите, и се чекаа редови пред и во продавниците.

Фото: Б. Грданоски

Нашиот фоторепортер Борис Грданоски ја улови генералката во Скопје. Угостителите почнаa со средување на терасите пред утрешното отварање, Комунална хигиена  го чистеше центарот на Скопје, а од Паркови и зеленило го оплеменуваа изгледот на Кејот на Вардар.

Фото: Б. Грданоски

– Денеска очекуваме секој момент официјално да ги добиеме протоколите. Имаме информации дека има измени според нашите барања. Извесно е дека нема да заработуваме, но можеме да направиме подобра позиција за да имаме помали загуби ако има поразумни мерки, вели потпретседателот на Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори, Мартин Ангеловски.

Фото: Б. Грданоски

Според Стопанската комора на Македонија, во партнерски процес со Владата добиен беше предлог врз основа на кој се дефинираа превентивните мерки. Бизнисот ги изнесе забелешките и сега чека да види што од нив е усвоено. Времето ќе покаже, децидни се од Комората, дали протоколите ќе се одразат врз работата на угостителите.

Фото: Б. Грданоски

-Ситуацијата не е сменета од минатата недела кога ја предочивме состојбата. Ќе видиме утре кој се ќе отвори. Едно е најава, друго е на терен. Во секој случај, времето ќе покаже дали протоколите ќе се одразат врз работата на угостителите. Свесни сме дека во сите земји во регионот и пошироко угостителството и туризмот беа најпогодени. Од друга страна, отворањето на угостителските објекти е специфично од аспект на групирање на луѓето што е една од главните препораки која не треба да се прави, нагласуваат од Стопанската комора.

Фото: Б. Грданоски

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска, на прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања, рече дека Владата веќе ги добила забелешките од коморите за протоколите.

Фото: Б. Грданоски

Кусо информира и дека угостителските објекти ќе бидат отворени, односно ќе работат до 20 часот. За една маса на терасите ќе треба да обезбедат површина од десет метри квадратни, а на секоја маса ќе може да седат по максимум четири лица.

Фото: Б. Грданоски

-Ние веќе донесовме одлука за отворање на угосителските објекти од утре, но таа важи само за оние што имаат тераси и согласно протоколите за простор, дезинфекција и однесување и на клиентите и на угостителите. Одлуката е само да работат објектите кои имаат тераси и да ја почитуваат дистанцата. Имавме подготвен протокол од страна на Комисијата за заразни болести кој требаше да се одвива во три фази. За донесувањето на вчерашната одлука го почитувавме предлогот на Комисијата за втората фаза каде е предвидено отворање само на оние објекти кои имаат тераси согласно протоколите. Речиси 99 отсто од сите предлози на Комисијата дадени откако почна вонредната сотојба се прифатени од Владата, така одлучивме и овојпат, да го почитуваме предлогот на Комисијата. Ќе ја следиме ситуацијата, како се почитуваат протоколите и препораките усвоени на вчерашната седница, ако се почитуваат ќе ги отвораме и тие што се затворени, истакна министерот.

Фото: Б. Грданоски

Поради коронавирусот, угостителските објекти не работеа и беа целосно затворени околу 2,5 месеци. Загубите, според проценките на секторот, се и ќе бидат огромни, а потребен ќе биде и подолг период за целосно закрепнување.

Фото: Борис Грданоски

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски