Мицкоски: Постои канал на комуникација за изборите


Фото: Б. Грданоски

Изгледа дека сепак ќе биде можно политичките партии да постигнат консензус околу датумот на одржување на предвремените избори. Барем таков впечаток може да се добие од денешната прес-конференцијата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кога тој изјави дека „постои канал за комуникација околу преговорите кога да се оди на избори.

„Јас денеска не би сакал да изнесувам дополнителни коментари околу тој канал на комуникација. Доколку има договор и кога ќе има договор ќе ѝ го соопштиме тоа на јавноста“, рече Мицкоски.

Тој не сакаше да изнесува детали дали тој канал е преку странските дипломати во земјава или или меѓу самите партии. Мицкоски само уште еднаш го потврди ставот на партијата: „Датумот за превремените избори треба да биде донесен со консезус на сите политички партии како што беше уште при првата лидерска средба што ја организираше претседателот Стево Пендаровски. Стоиме на принципот дека секоја вонредна состојба треба да се носи во консултација со политичките партии, иако при донбесувањето на втората вонредна состојба тој принцип беше напуштен од страна на Владата и претседателот Пендаровски“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.