ЈСП се премисли – од петок денови со бесплатно возење за возрасни лица


Фото: Б. Грданоски

Од петок (28.05.2020 год) продолжува да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица (жени со/над 62 год, мажи со/над 64 год) во вторник, петок, сабота и недела.

ЈСП апелира на рационално користење на превозот и на задолжително носење на заштитна опрема согласно уредбите за заштита од Ковид 19.

Вчера, откако Владата го укина полицискиот час, од ЈСП соопштија дека автобусите продолжуваат да возат по редовен возен ред, но дека бесплатните картички за средношколците и пензионерите се уште не важат.