Разрешен поглаварот на ИВЗ, реисот Сулејман Реџепи


Неочекувано денеска е разрешен поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) Сулејман Реџепи со одлука на Ријасетот на ИВЗ. Одлуката била донесена од мнозинството од две третини на муфтиите.

„Едногласно донесовме одлука за разрешување на госпoдин Сулејман Ефенди Реџепи од позицијата претседател на Исламска верска заедница. Оваа одлука стапува на сила од моментот на донесувањето“, изјави гостиварскиот муфтија Хафир Шаќир Хетаи по одржувањето на вонредната седница на риасетот на ИВЗ.

Муфтијата Хафир ќе биде вршител на должноста до изборот на новиот реис на ИВЗ.