Техничката влада повеќе е проблем, отколку предност, смета Заев


Концептот на техничка влада е повеќе од проблематичен за граѓаните и државата, отколку што е од полза, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес – конференција. -Техничката влада после две проби или две испитувања во 2016 и 2020 година навистина покажува дека повеќе е проблем за државата и граѓаните, […]

Заев ѝ порача на ДУИ дека по 17 години на власт е здраво да премине во опозиција


Лидерот на СДСМ Зоран Заев и порача на ДУИ дека е здраво по 17 години на власт партијата да ови во опозиција, останувајќи на претходните изјави дека СДСМ ќе победи на парламентарните избори, и дека тој ќе биде мандатар за составување на новата Влада. Одговарајќи на новинарско прашање што ќе биде доколку резултатите на изборите […]

Манчевски за денеска најави средби за прекинот на ТВ програмите од операторите


Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски најави дека во текот на денов ќе има средби со засегнатите страни во однос на исклучувањето на емитувањето на телевизиските канали што го направија синоќа операторите. Според Манчевски, новите настани и информации му даваат оптимизам за надминување на проблемот. -Во текот на денот ќе имаме комуникација на […]

Родители и ученици протестираа пред средното медицинско, не сакаат квалификациски тест


Ученци и нивни родители претпладнево протестираа пред влезот на средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов““ во Скопје затоа што не сакаат квалификациско тестирање од кое ќе зависи кои ученици ќе бидат примени во прва година во 2020/2021 за насоката медицинска сестра на албански наставен јазик. Во Конкурсот на МОН за оваа насока за настава на […]

Факултет за безбедност: Да се донесе закон за вонредна состојба


Нормативно уредување на односите, постапките и дејствија на соработка на Армијата и Полицијата во услови на криза и вонредна состојба и воспоставување на систем на функционална заедничка команда и размена на информации, формално правно регулирање на полицискиот час, анализирање и афирмација на позитивните искуства на работата на медиумите, посебно во справувањето со дезинформациите (лажните вести), […]

Се уредуваат плажите во Охрид, по уривањето на дивите објекти


Екипи на општинските јавни претпријатија во координација со Општина Охрид од денес ќе започнат со активности за уредување на крајбрежниот простор на Охридското Езеро, во потегот од „Горица 3“ до „Аквалина“ каде што во текот на изминатата седмица се вршеше отстранување на нелегални објекти и остатоци од урбана опрема. Оваа седмица ќе се врши расчистување […]

Решенија за изолација за 566 грѓани изминатите 24 часа


Решенија за изолација добиле 566 граѓани, а 178 лица потпишале изјава за самоизолација во изминатото деноноќие, соопшти МВР. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што било констатирано дека две лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација . -Од стапување на сила на уредбата за […]

МВР објави листа на лица на кои не може да им достави решенија за прекршоци


Министерството за внатрешни работи на својата веб страна денеска објави листа со имиња и презимиња на 35 физички и правни лица на кои не може да им бидат доставени решенија за извршени прекршоци. – Се повикуваат овие физички и правни лица, во рок од осум дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во […]

Комисијата за заразни болести на средба со скопските градоначалници


Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок со скопските градоначалници, информираа за МИА од Министерството за здравство. Се очекува, на состанокот да се дискутира за можноста локалните самоуправи да се вклучат во справувањето со коронавирусот. – Мора на секое ниво да се јакне свеста за превенција од коронавирусот, објави на својот ФБ профил министерот […]

Завршува осумдневната вонредна состојба, од среда стартува изборната кампања


Денеска истекува осумдневната вонредна состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски со цел да се спроведат неопходните подготовки за организација на предвремените парламентарни избори на 15 јули. Последната, петта, вонредна состојба беше прогласена на 15 јуни по постигнатиот договор меѓу лидерите на владејачката СДСМ Зоран Заев и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за терминот за […]

Подготовки на партиите за официјалниот старт на кампањата


Кампањата за претстојните парламентарни избори веќе е во полн ек, пред започнувањето на официјалната кампања в среда. Предизборните препукувања вчера ги подгреа инцидентот кога била фрлена експлозивна направа врз продавница во скопската населба Ѓорче Петров, во сопственост на семејството на потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, што повлече меѓусебни обвинувања помеѓу опозициската партија и владејачката […]

Насоката медицинска сестра најбарана, денеска ќе има квалификациско тестирање


Во три средни училишта со здравстевна струка денеска од 10 часот ќе биде организирано квалификациско тестирање за ученици-полуматуранти кои конкурирале за насока медицинска сестра. Тестирањето ќе биде по предметите билогија и хемија, а од резултатите ќе зависи кои ученици ќе бидат примени во прва година во 2020/2021 зашто има повеќе кандидати со максимални (75) бодови […]

Хотелиерите стартуваат со работа по Ковид протокол


Стапи во сила протоколот според кој од денеска хотелите повторно може да примаат гости. Хотелските капацитети беа затворени со мерките за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19. Со Протоколот се уредуваат процедурите за хотелско-сместувачкиот дел на објектите, препораките и мерките за прием и сместување на гостите, ресторанските процедури, употребата на тоалетите, како и препораките за […]

Скопје со најмногу активни случаи, Ковид центар и болницата Козле


Бројот на позитивни на коронавирусот во државава се искачи на 5106, а досега починаа 238 лица. Вчера беа регистрирани 101 нов случај на Ковид-19, од направени 776 тестирања и пет починати. Институтот за јавно здравје вчера регистрираше 22 оздравени пациенти од кои 11 од Скопје, 10 од Тетово и еден од Велес. Бројот на активни […]

Променливо облачно и нестабилно со локален дожд


Времето претпладне со сончеви периоди, попладне променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7. Утринската температура ќе се движи од осум до 18 степени, а дневната температура  од  18 до 30 степени. Во Скопје претпладне со сончеви периоди, попладне променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен […]

Прв возрасен пациент примен во детската болница Козле


Болницата на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле денеска го прими првиот возрасен пациент позитивен на вирусот КОВИД-19, а хоспитализирани се и две деца кои се позитивни. – Денеска го примивме првиот возрасен пациент. Се работи за 61-годишен маж, кој кај нас беше испратен од „Аџибадем Систина“. Нему во таа клиника му било […]

Чулев: Како СДСМ ќе го заштити здравјето на граѓаните, ако не знае ни на своите функционери


Министерот НаЌе Чулев ги праша вечерва СДСМ како ќе го заштитат здравјето на граѓаните кога не знаат да го заштитат ни своето, алудирајќи на последните заразени функционери од корона вирусот од владеечката партија. -Сите ние – политичарите преку сопствените постапки и сопственото однесување треба да претставуваме пример за тоа како треба да се однесуваат граѓаните […]

ММА: Прекинот на ТВ програмите е самоволие и тешко кривично дело


Самоволие и тешко кривично дело е вечерашниот едночасовен прекин на емитувањето на ТВ програмите од страна на кабелските оператори, смета Македонската медиумска асоцијација (ММА) која ја сочинуваат 5-те национални телевизии –Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма.  ММА им укажува на гледачите дека петте телевизии целосно ги имаат уредено авторските и сродните права за целата […]

Операторите го прекршија законот, ќе бидат казнети за прекинувањето на програмата


Министерството за информатичко општество и администрација и министерот Дамјан Манчевски во реакција на прекинот на емитувањето на ТВ програмите што го почнаа вечерва по 18 часот операторите укажаа дека е направена повреда на член 115 од Законот за електронски комуникации и упати на условите под кои може да дојде до таков прекин, како и последиците […]

Почна протестот на кабелските и ТВ операторите, ќе нема програма до 19:10


Македонските оператори вечерва во 18 часот ја реализираа најавата за времен прекин на реемитувањето на сите ТВ програми, освен на јавниот сервис МРТВ, во знак на протест поради, како што соопштија, наметнати неуставни обврски во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги. – Ја информираме јавноста дека сме принудени да почнеме со времени прекини во реемитувањето […]