Училиштата да почнат од 1 септември, некаде и во смени


ФОто: Б. Грданоски

Од 1 септември учениците да се вратат во училишните клупи, а за градинките да се балансира, односно можно е да се ограничи престојот само за оние кои не можат да го остават детето на друго место на чување и грижа, бидејќи во градинките проблем е тоа што нема простор и што тешко може да се одржи растојание меѓу децата, јавува Deca.mk.

На 10 август Комисијата за заразни болести ќе донесе конечна одлука за тоа, кој модел на настава ќе биде применет од 1 септември. Како што информираат од Министерството за образование и наука, претставници на министерството денеска имале средба со членовите на Комисијата за заштита од заразни болести.

– На состанокот беше презентиран новиот предлог-акциски план, во кој се сите можни опции и протоколи за започнување на новата учебна година. Комисијата треба најдоцна до 10 август да донесе конечна одлука за тоа, на кој начин ќе продолжи да се спроведува воспитно-образовниот процес – информираат во МОН.

Планот е од 1 септември учениците да се вратат во училиштните клупи, а за градинките ќе се балансира, односно можно е да се ограничи престојот само за оние кои не можат да го остават детето на друго место на чување и грижа, бидејќи во градинките проблем е тоа што нема простор и што тешко може да се одржи растојание меѓу децата, вели за Деца.мк д-р Александар Стојанов, в.д. директор на Центарот за јавно здравје и член на комисијата за заразни болести.

– МОН денеска предложи неколку опции. Некаде има услови за онлајн настава, на друго место нема. Во некои училишта има услови за една опција, во други за друга. Има училишта во кои има простор за физичко присуство зашто се 10 деца во одделение и таму не е проблем растојанието, ама негде каде што има 35 ученици во паралелка, ќе мора да се применат други опции, како на пример, учење во смени. Има неколку варијанти, сè ќе биде применето и нема да има инифицирани правила за сите училишта, туку сè ќе зависи од самите услови во секое училиште – информира Стојанов.

Поголем проблем, според него се градинките, каде што нема доволно простор.

Целиот текст ТУКА