Од денес ГОБ „8 Септември“ треба да почне со редовни операции


Фото: Б. Грданоски

Градската болница „8 Септември“ од денес треба да почне и со редовните операции на пациенти кои не се позитивни на вирусот. Од почетокот на март, откако беше прогласена епидемијата во земјава, болницата стана главен центар за Ковид -19 во кој  се хоспитализираа најголемиот број пациенти. Поради тоа во болницата практично и да немаше операции, освен тие што беа итни.

Во моментов во болницата има 100 хоспитализирани пациенти болни од ковид, но изминатите две недели била направена реорганизација во болницата за да можат да се прават барем по три хируршки зафати кај пациентите кои чекаат веќе неколку месеци чекаат.Истовремено  дел од пациентите болни од вирусот се префрлени на првиот кат, каде претходно беше сместена кардиохирургијата на Жан Митрев, а целосно е исчистена и направена е дезинфекција на шок собата, односно интензивната нега, како и оперативниот блок за да се стават во функција за редовните операции.

Во болницата има 30 хирурзи, за разлика од анестезиолозите, кои се само 11, проблем што мора да се реши итно.