Донесени измени на Уредбата за примена на Законот за аудио и аудиовизулени медиумски услуги


Владата на синоќешната седница донесе измени и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредна состојба, со која се утврдува дека завршил временскиот период во кој операторите беа должни да ја обезбедат потребната документација за пререгистрација на програмските сервиси кои ги реемитуваат, и […]

Војниците денес ќе добијат нови униформи


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во касарната „Илинден“ ќе присуствува на промоцијата на новите униформи за припадниците на Армијата. Планирано е Шекеринска да оствари средба со припадниците на единиците на Армијата на кои ќе им честита за помошта што ја дадоа за време на вонредната состојба во земјава. Армијата неодамна доби нови униформи, вкупно […]

Денеска одлука како да се преминуваат границите со соседите


Како ќе се преминуваат границите кон соседите, дали и ние ќе бараме тестови ако се бара тоа од нашите граѓани, како ќе се изведе тоа, дали ќе се задржат тестовите на одење и на враѓање, се теми за кои одлука, според министерот за здравство Венко Филипче, треба да се донесе денес, иако се најавува и […]

Епидемијата се уште во полн ек, потребно е поригорозно спроведување на мерките


Последниот здравствен билтен за изминатите 24 часа, со направени 665 тестирања, регистрира 90 нови случаи со Ковид-19, најмногу во: Скопје-36, следат Охрид со 13 и Струга со 10 новодијагностицирани. Починаа и девет пациенти, а оздравени се 48 лица. Министерот за здравство Венко Филипче вчера информираше дека според анализите на Комисијата за заразни болести, викендите со […]

Облачно и нестабилно со услови за пороен дожд


Времето денеска ќе биде облачно и нестабилно, на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има пообилни врнежи над 20 литри на квадратен метар, наместа во форма на невреме со електрични празнења и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од […]

Спасовски му посака успех на Вучиќ 


 Премиерот Оливер Спасовски со објава на Фејсбук и посака успех во новиот мандат на Српската напредна партија (СНС) на српскиот претседател Александар Вучиќ, по вчерашната победа на парламентарните избори во Србија. – На изборите одржани во Србија, претседателот Вучиќ и СНС ја добија поддршката од граѓаните. Посакуваме успех во новиот мандат. Во наредниот период, очекуваме […]

Шекеринска: Ова ќе биде двојна историска година – и членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ


Кампањата зависи од учесниците и никој не може да зборува за другите. Нашиот став, нашите политики и навики во целиот изминат период биле да покажеме дек нашата држава може да организира фер и демократски избори и тоа веќе го направивме и на претседателските и на локалните избори, ја извадивме државата од групата на земји во […]

Битола доби лабораторија за испитување на Ковид-19


За само два месеци по иницијативата Битола да добие лабораторија за испитување на Ковид-19, од денес во Центарот за јавно здравје во Битола е ставена во функција лабораторијата за молекуларна дијагностика, единствена од ваков вид во државата, надвор од Скопје.  „Лабораторијата се отвори со донација на фабриката „Кромберг и Шуберт“ која набави апарат во вредност […]

Викендите предизвикуваат раст на бројот на новозаразени од Ковид-19


Анализата на бројот на новодијагностицирани пациенти во Скопје опаѓа, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција, додавајќи дека со резерва ги кажува предвидувањето оти оваа така ќе продолжи, заради тоа што има повеќе фактори што влијат на новодијагностицираните пациенти. – Викендите се нешто што со недели наназад прават некаква промена на бројот и […]

Членовите на ДИК на средба со шефицата на ОДИХР


Претставници на Канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР, на чело со шефот на набљудувачката мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР, Лаима Андрикине, денеска имаа средба со членовите на Државната изборна комисија (ДИК). Целта на овој состанок бил да се разгледаат сите активности кои ќе бидат преземени од страна на ДИК за да се овозможи фер и демократски процес, како […]

Јапонија ни го донираше лекот „Авиган“


Преку итна неповратна помош, Јапонија одлучи да обезбеди лекови, Фавипиравир (Авиган) за земји погодени од Ковид-19, во партнерство со УНОПС (Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации). Република Северна Македонија од Јапонија доби „Авиган“ за 100 лица, соопштија од Јапонската амбасада во Скопје. За да се избегне ширењето на КОВИД-19, од голема важност е […]

Филипче: Рано е да се отворат градинките


Скринингот на вработените во градинките почна пред повеќе од еден месец, а веќе заврши, но одлука за нивно отворање нема. Министерот за здравство Венко Филипче, вели дека за градинките е рано, заради можност од трансмисија на болеста меѓу децата, со оглед на тоа што бројот на заразени расте, па тие би можеле да се заразат […]

Во медицинското „Панче Караѓозов“ се полага квалификациски тест


И покрај негодувањата на одредена група родители, со мало задоцнување тестирањето почна, и до овој момент сè уште е во тек. Тестовите се полагаат едноподруго, а се состојат од 15 прашања за секој од двата предемета, изјави за МИА Маја Салиу, директор на средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“, каде што за насоката медицинска сестра […]

Се отвораат обложувалниците и казината


Утрово на состанокот на Комисијата за заразни болести, се разговарало за попуштање намерките, односно да се дозволи работа на повеќе економски оператори, информира министерот за здравство венко Филипче. Се препорачува отворање на казината и обложувалниците, а до крајот на неделата и фитнес-центрите, рече Филипче. – Донесено е одлука да се отворат казината и автомат клубовите, […]

Во болница се лекуваат 379 пациенти, 87 отсто од пациентите се лекуваат дома


До денеска во болница се 379 пациенти. И покрај тоа што има голем број пациенти во болниците, сепак во болниците има место за нови пациенти. Како што појасни министерот за здравство Венко Филипче, 13 отсто од вкупно заболените се во болница, а 87 отсто се лекуваат дома, односно се асимптоматски. Се опремува лабораторијата во Битола, […]

(Видео) Прес на Венко Филипче


Министерот за здравство венко Филипче, закажа прес-конференција денеска во 15.30 часот. На неа треба да ги соопшти најновите статистики во врска со корона вирусот, како и следните чекори во справување со епидемијата. Проследете ја во живо:

Девет починати, нови 90 случаи со Ковид-19, оздравени 48 пациенти


Деветмина починаа во изминатото деноноќие од последиците на ковид-19, соопшти Министерството за здравство, 90 се новозаразени, од кои 36 во Скопје, а оздравеле 48 пациенти. Во последните 24 часа се направени 665 тестирања, а регистрирани се 90 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-2, Штип-8, Тетово-4, Струга-10, Велес-2, Битола-2, Охрид-13, Гостивар-1, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Свети […]

Арсовски ја праша Ангеловска дали купила стан од 100 метри квадратни


Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски,  ја обвини министерката Нина Ангеловска, која на позицијата министер е неполна година, дека изминатиов период купила стан од околу 100 квадратни метри со локација во Градскиот парк во Скопје, во вредност од над 100.000 евра, но не го пријавила во имотниот лист. „На сајтот на антикорупциската комисија во информациите за […]

 Нови четири „бомби“ за Ден Дончев


Три нови аудио и уште една видеоснимка се објавени утрово на Јутјуб, на корисник наречен „Раце лепливи“. На снимките се слуша гласот на поранешниот директор на Фондот за здравство Ден Дончев, кој поднесе оставка на почетокот на кризата со коронавирусот. Аудиоснимките може да се слушнат на следниот линк, на кој е објавена и видеоснимка, од која […]

Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР почнаа со работа


Набљудувачкиот тим на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, кој во земјава пристигна на 19 јуни, од денеска е подготвен за работа и членовите веќе има средба со Државната изборна комисија, на која беа информирани за текот на изборниот процес. ОБСЕ/ОДИХР на покана на македонската Влада испрати специјална мисија за следење на предвремените парламентарни избори, закажани за 15 […]