Обвинителството истражува како бил набавен софтверот за изборите во ДИК


Фото: Б. Грданоски

Набавката на софтверот за изборите и три телевизори се предмет на истрага на  Обвинителството за организиран кириминал и корупција од каде утрово влегоа во Државната изборна комисија.

Тие зеле документација за начинот на избор на фирмата која ја изработи апликацијата за следење резултати на изборите. Од она што го кажуваат од обвинителството за Телма, се работи за предистрага отворена по допрен глас, односно по написите на медиумите на оваа тема.

Поднесовме барање до судија на претходна постапка за даде наредба за претрес поради сомневања за јавната набавка. Ќе ја провериме законитоста на јавната набавка, велат од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

И претседателот на ДИК, Оливер Дерковски ја потврдува информацијата, но вели дека набавката е законска и се почитувани сите процедури.

Инаку и покрај најавата дека граѓаните и медиумите преку апликацијата ќе можат во живо да го следат пребројувањето на гласовите и податоците за која партија колку гласови добила сепак апликацијата не функционираше. Ја изработила фирмата Дуна, откако претходно ДИК ја избрала во непосредна спогодба.