Германија донираше помош на четири болници


Новата германска амбасадорка во Северна Македонија, Анке Холштајн вчера ги потпиша договорите за донации на четири болници во земјата во вредност од над 150 илјади евра

 

Со средства од германското Министерство за надворешни работи, четири болници во Северна Македонија ќе добијат можност да набават медицинска опрема и амбулантни возила. Донациите од Германија се дел од поддршката за справување со пандемијата на Ковид- 19 и директна помош на граѓаните.

Со договорите за донација кои ги потпиша амбасадорката Анке Холштајн помош ќе добијат болниците во Штип, Куманово и Прилеп и здравствениот дом во Гостивар. Вкупната вредност на помошта е 152.000 евра.
Финансиската поддршка е обезбедена од буџетот на германското Министерство за надворешни работи, во делот наменет за мали проекти со цел унапредување на социјалниот и економскиот развој на земјата домаќин. (Дојче веле)