Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска за судија на Уставниот суд


  Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска, судија на Апелацискиот суд, за судија на Уставниот суд. На денешната седница 10 членови на Судскиот совет гласаа „за“, еден беше против, а судијката Антоанета Димовска се иззеде од точката на дневен ред.   Судиите, членови на Судскиот совет, кои ја поддржаа кандидатурата на Дика-Георгиевска, истакнаа дека таа […]

Сопругата на премиерот на самит во Вашингтон што го организира Меланија Трамп


  Сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, учествува на дводневниот самитот „Fostering the Future Together Global Coalition Samit“ во Вашингтон, организиран од првата дама на САД, Меланија Трамп, на кој учествуваа претставници од 45 држави и над 20 водечки технолошки компании, соопшти Владата.   Целта на самитот е да ја зајакне глобалната соработка за подобрување на образованието, технологијата и благосостојбата […]

Наместо да одговори на прашање, Славески го нападна и омаловажи новинарот на Канал 5, оценува ЗНМ


  Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро реагираат на односот на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, кон новинарот на ТВ Канал 5, кој на вчерашниот јавен настан наменет за медиумите, наместо јасни одговори на прашања од висок јавен интерес, избра потценувачки и дисквалификувачки однос […]

Почна судењето за злоупотребата на ИПАРД фондовите


Во Кривичниот суд почна судењето за поткупот поврзан со ИПАРД фондовите од Агенцијата за поддршка на земјоделството. На обвинителна клупа седна Џевдет Насуфи, сопственик на фирмата која аплицирала за средства од програмата и обвинет за дaвање поткуп. Тој е во домашен притвор. Од затворот Шутка беше донесен директорот на Агенцијата Илија Стоилев, кој според обвинението […]

Ангелов: Поподготвени влегуваме во сезоната на пожари, поучени од минатото


 Годинава сме поподготвени од порано во однос на справувањето со пожарите. На располагање имаме пет пилоти за ер-тракторите, а најдоцна во текот на мај се очекува да бидат вратени од сервис двата ер-трактора, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. –  Во овој момент, Дирекцијата располага со пет пилоти за ер-трактори, кои […]

На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за утврдување на почетокот и завршувањето на летното сметање на времето во 2026 година, објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 58 од 19 март 2026 година.   Летното сметање на времето почнува ноќта од […]

Општина Карпош девет месеци обезбедува психолошко советување за онколошки пациенти


Општина Карпош започнува со реализација на проект за психолошка поддршка на онколошки пациенти со цел да им обезбеди бесплатна, стручна и континуирана поддршка на пациентите, жени и мажи, преку организирање на групни терапевтски средби. Во период од 9 месеци, со почеток од април 2026 година, ќе се реализираат групни сесии во кои учесниците ќе добијат: […]

ДУИ тврди дека се увезла струја за 25 милиони евра во 2026. Мицкоски вели – не е вистина


  ДУИ тврди дека близу 25 милиони евра се потрошни за увоз на струја од почетокот на 2026 година. За да ги покрие потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, ЕСМ било принудени да набавува електрична енергија во најмалку два наврати, при што се потрошени 24,3 милиони за увоз на електрична енергија. „Во јануари се набавени […]

Претставени првите возила „страјкер“ набавени од САД за Армијата


  Во касарната „Страшо Пинџур“ во скопски Петровец денеска беа претставени 17 нови лесни оклопни возила „страјкер“ (stryker), набавени од Соединетите Американски Држави како дел од договорот за опремување на АРМ со лесни оклопни возила. Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека со овие возила значително ќе се зајакне капацитетот на македонската Армија. „Ова за нас многу […]

Послаб земјотрес во Скопје


Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 12 часот и 05 минути, беше почувствуван земјотрес од епицентралното подрачје Скопје. Неговата магнитуда изнесува 2.7 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот беше почувствуван во градот Скопје и околината со интензитет III-IV степени според Европската макросеизмичка скала. За потребите на сеизмолошките истражувања, […]

УХМР со предупредување за утре: Врнежи, ветар и снежна покривка на планините


Утре ќе дува умерен со засилен, а на места повремено и силен ветар (над 60 км/ч) од јужен правец. Кон крајот на денот под влијание на циклонска активност, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во пекот наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20л/м2, а ќе има и услови за појава […]

СТОП за насилството – сцената зборува! – учениците од „Лазо Ангеловски“ против булингот


Денеска, пред претставници на МВР, општината, здруженија и коалиции кои се борат против насилството меѓу врсниците, во ООУ „Лазо Ангеловски“ се одржа театарската претстава „СТОП за насилство – сцената зборува“. Учениците преку уметност испратија силна порака против насилството. „Особено сме горди на учениците коишто со својата креативност и ангажман покажаа дека младите се двигатели на […]

Бесплатни ехо прегледи на дојка за карпошанки


Во насока на подобрување на женското здравје, Општина Карпош во соработка со ординацијата по гинекологија и акушерство ПЗУ „Св. Алексеј“ – Скопје, од идната среда (01.04.2026), организира бесплатни ехографски прегледи на дојки за жени до 45 годишна возраст. Станува збор за проект кој финансиски го поддржува локалната самоуправа, а истиот се реализира преку Програмата за […]

Се расипа уште еден двокатен автобус, блокирана лента на булевар во Бутел


Крајната десна лента на булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“ во Бутел утрово е непроодна оти се расипа уште еден двокатен автобус на ЈСП. Возачите во најголемиот утрински метеж беа принудени да го заобиколуваат расипаниот автобус кој стои во близина на автобуската постојка спроти поранешна Албанска амбасада. Двокатните автобуси за Скопје беа набавени во 2010 година, кога Министерството […]

Повеќе од 12 тони отпад исчистени од депонија во Маџир Маало


Службите на Општина Центар со камиони и механизација исчистија дива депонија во Маџир Маало. Расчистена е површина од околу 150 квадратни метри, при што се собрани и транспортирани над 12 тони мешан отпад во депонијата „Дрисла“. Акцијата е дел од пошироките активности на општината за расчистување на диви депонии на повеќе локации на територијата на […]

Продолжува судењето за „Пулс“ – сведочат вработени во Општината


Со изведување на нови докази и сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство, денеска во судницата во Идризово продолжува судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. За денешното рочиште обвинителството предложи тројца сведоци – Драги Илиевски, Дејан Рашков и Виолета Георгиевска, сите вработени во Општина Кочани. Воедно, […]

Корисници од Центар и Шуто Оризари без струја


Корисниците од Центар и Шуто Оризари денеска во одреден период од денот ќе останат без електрична енергија, соопштија од ЕВН Македонија АД.  Во периодот од 8:30 до 15.30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Хусеин Бајрам“ во општина Центар. Во периодот од 10:00 до 12:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од […]

Пристапно предавање на новоизбраниот дописен член на МАНУ Драган Даутовски


Новоизбраниот дописен член на Македонската академија на науките и уметностите Драган Даутовски денеска напладне во МАНУ ќе одржи пристапно предавање. Предавањето на Даутовски е насловено „Топчестата глинена флејта од Македонија – праисториски музички инструмент“.  Пригодна реч по повод пристапувањето на Даутовски во МАНУ ќе одржи академик Влада Урошевиќ. Во музичкиот дел од настанот ќе настапат […]

Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ


Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот.  -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија (UCPM) со цел зајакнување на капацитетите за справување со шумски пожари, прекугранична соработка […]

Презентација на лесни оклопни возила „страјкер“ набавени од САД


Владата и Министерството за одбрана денеска во касарната  „Страшо Пинџур“ во скопски Петровец ќе претстават 17 нови  лесни оклопни возила „страјкер“ (stryker), набавени од Соединетите Американски Држави.  Како што соопшти Владата, оклопните возила „stryker“ се набавуваат од САД како дел од договорот за опремување на АРМ со лесни оклопни возила. -Во рамките на соработката со […]