„Независни за Карпош“ бара преку „Сејф сити“ да се открие кој носи бездомни кучиња од Албанија и Кичево


Граѓанската иницијатива „Независни за Карпош“ бараат итно да се преземат конкретни чекори во решавање на проблемот со бездомните кучиња и глутниците кои се формираат во Карпош, а кој ескалира од ден за ден. Бараат формирање на кризен штаб во општина Карпош, сочинет од вработени во општината, претставници од Град Скопје и по можност од другите […]

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“


Кривичниот совет на Основниот кривичен суд – Скопје денеска го одби предлогот на одбраната за укинување на притворот на обвинетите Нино Васев и Нехад Нухи во предметот „Онкологија 2“ иако беа понудени имотни гаранции во вредност од над 350.000 евра. Судот оцени дека не се промениле околностите за применување поблаги мерки, а истовремено појасни дека […]

Булеварот „Борис Трајковски“ ќе се заврши годинава – стопанствениците се согласиле на експропријација


  Еден од клучните сообраќајни правци во Скопје, булеварот „Борис Трајковски“ ќе биде завршен до крајот на годинава, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.   Тој денеска остварил средба со стопанствениците по должина на трасата и постигнале договор за забрзано спроведување на експропријацијата, процес кој во минатото останал недовршен.     „Во најскоро време ќе биде објавена […]

Уставниот суд отворил четири предмети за „Сејф сити“


Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, во изјава за медиумите денеска информира дека за системот „Сејф сити“ се формирани четири предмети. Тој нагласи дека овој проект покажал дека нашиот менталитет може многу брзо да се менува, односно да се прилагодува на правила. – Формирани се четири предмети. Точно е дека ќе се постапува, бидејќи станува […]

Премиерот Мицкоски ја избегна блокадата од синдикалците, дојде порано на работа


  Синдикалците денеска на протестот пред Владата не успеаја да го блокираат премиерот Христијан Мицкоски, односно да го натераат пешки да дојде на работа. Премиерот на работа дојде нешто пред да почне блокадата на булеварот „Илинден“, каде што е сместен објектот на Владата, па слободно „се прошета“.  Она што им падна во очи на присутните […]

Реџеп Исмаил: Проблемот не е што нема пари, туку во чии џепови одат?


Во Македонија често проблемот не е што нема пари. Вистинското прашање што треба да се постави, особено од страна на синдикатите, е каде оди вредноста што ја создава трудот? – вели пратеникот Реџеп Исмаил во фејсбук-објава.    Според него, додека во профитот на приватните компании во ЕУ трудот  учествува со 35 – 40 % во […]

Софија постави прашања до Советот на Европа за односот кон бугарското малцинство во Македонија


  До Советот на Европа е доставено писмено прашање за мерките против насилството и говорот на омраза против бугарската етничка заедница во Македонија. Документот е адресиран до Комитетот на министри и е регистриран како писмено прашање бр. 806 од 17 февруари 2026 година, објави БГНЕС. Текстот е потпишан од заменик-претседателката на пратеничката група на ГЕРБ, […]

Во странство ни заминуваа студентите, да не ги избркаме и професорите


  Ја нарушува автономијата на универзитетите, противуставен е, не ја следи Болоњската конвенција – ова се дел од забелешките на професорите на факултетите во земјава, кои го погледнале нацрт-законот за високо образование, кој пак, според власта, треба да го зголеми квалитетот во образованието и да ги смести македонските универзитети на фамозната Шангајска листа. Професорот Тони […]

Владата ги усвои измените на Законот за градење и подземната инфраструктура ќе се впише во Катастарот


На предлог на Министерството за транспорт, Владата ги усвои измените на Законот за градење и Законот за градежно земјиште, со кои измени се потикнува економскиот развој на државата и општините, се озоможува подобри и поквалитетни услуги за граѓаните и се овозможува рационално користење на јавните добра.   Имено, со измените на Законот за градежно земјиште  […]

ДКСК: Директор на јавно претпријатие дал автобуси да се брендираат со кандидат на изборите


Од вкупно 1.514 институции, кои имаа обврска да достават податоци за службените возила пред изборната кампања минатата година, обврската ја исполниле само 635,  додека 879 не доставиле. Дека ваквите трендови не се случајни покажа и еден од предметите за кои ДКСК најави дека ќе иницира кривична постапка, а се однесува на директор на јавно претпријатие […]

Нивото на Треска кај Македонски Брод 4 пати над просекот, Вардар кај Јегуновце 2,5 пати повисок


 Обилните врнежи од дожд што ја зафатија државата изминатите денови предизвикаа значителен пораст на водата во реките. Според најновите податоци на Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на речиси сите поголеми водотеци е далеку над просекот за февруари, а на одредени мерни места се бележи зголемување и за повеќе од четири пати во однос на […]

„Онкологија 2“: планот за набавка на биолошка терапија не го носел стручен колегиум, недостигале и протоколи и упатства


Слабости и неусогласености со законските прописи утврдила ревизијата на Клиниката за онкологија – изјави претставник од Државниот завод за ревизија, кој детаљно објасни како и зошто била извршена ревизијата на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) за 2021 година, на денешното рочиште за случајот „Онкологија 2“.  – Ревизија се изврши во согласност со редовната […]

За обнова на популацијата на белоглавиот мршојадец во Македонија ќе се носат 50 единки од Шпанија


Во текот на следните шест години, Македонското еколошко друштво (МЕД) ќе спроведува нов меѓународен проект во рамки на програмата LIFE, чијашто цел е да се зголеми популацијата на белоглавиот мршојадец на македонска и грчка територија и со тоа да се придонесе кон зајакнување на целокупната популација на овој вид на Балканскиот Полуостров. Кофинансиран од Европската […]

Јавен повик за Итно копче,  брза и иновативна помош за повозрасните жители на Центар


Општина Центар ги повикува сите заинтересирани граѓани да аплицираат за услугата Итно копче, наменета за лица над 65 години, со приоритет за оние кои живеат сами или со брачен другар со нарушена здравствена состојба. Услугата е наменета за лица со пензија до 35.000 денари и без дијагноза на деменција или Алцхајмерова болест, а може да […]

МЛС ќе подели 1,2 милиони евра на општините – ќе се намалува разликата во развиеноста


Министерството за локална самоуправа објави Јавен повик за финансирање на предлог-проекти насочени кон намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година, по одделни мерки и активности за поттикнување рамномерен регионален развој. – Целта на повикот е доделување средства на проекти што ќе придонесат кон намалување […]

Стручен тим од Градежниот факултет ќе врши анализа на водоснабдителниот систем во Струга


Стручен тим од Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје ќе ги утврдува причините што довеле до заматување на водата на изворот Шум, од каде што Струга и околните села се снабдуваат со вода за пиење. Општинската прес-служба денеска соопшти дека Факултетот го прифатил барањето поднесено од Општина Струга и оти ќе […]

Вторничка голгота во градските автобуси – ветувањата за нови не им помагаат на патниците


Со викотници, кавги и дофрлања, настегани како сардини во конзерва, утрово жители на Скопје кои решија до својата дестинација да стигнат со автобус, го поминаа патот од дома до работа, до лекар, до пазар, на училиште. „Што правите во вторник наутро во 8 часот? Седете дома! Излезете подоцна! На работа треба да стигнеме“, со повишен […]

ЛДП: „Одличните вести“ од Брисел за транспортерите не се одлични


  „Додека нашите владини претставници уверуваа за брзо решение со транспортерите, претставникот на здружението ‘Меѓународен транспорт’, кое ги води преговорите со ЕУ за надминување на блокадите, изјави дека Унијата не прифатила ништо од нивните барања и дека се повторно се можни нови блокади“, вели портпаролот на Либерално-демократската партија (ЛДП), Љубен Аврамовски.  ЛДП уште пред две […]

Најмногу дожд во Пожаране, 23 литри на метар квадратен


Најмногу дожд изминатото деноноќие, до седум утрово, наврнал во Пожаране, 23 литри на квадратен метар, соопштија од УХМР. Потоа 22 – Mаврови Анови, 14 – Тетово, 12 – Охрид, 8 – Попова Шапка, 6 – Претор, Лазарополе, 5 – Крушево, 4 – Гевгелија, 2 – Берово, Битола, 1 – Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Струмица, Тополчани. Најстудено […]

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти кај Кичево


Во Тетовскиот Регион нема нови пријави за излевање на реката Вардар кај село Форино, ниту на другите водотеци, каде што во текот на вчерашниот ден беше евидентирано излевање и поплавување, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во Битолскиот Регион преку единствениот број за итни повици 112 е примена пријава од жител на улицата […]