Средната возраст на населението во земјава 42,21 година, во ЕУ 44,9


Средната возраст на населението во земјава е 42,21 година, додека во ЕУ е 44,9 години, покажуваат податоците на Еуростат за 2025 година. Во споредба со 2015 година средната возраст на луѓето во Македонија е зголемена за речиси пет години (37,4 во 2015).  Од земјите во регионот помладо население од нас има само Црна Гора 40,4 […]

Без струја делови од Илинден, Волково и Драчево


Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, без струја денска од 08:30 до 13:00 часот ќе бидат дел од ул. 19 во нас. Илинден, од 08:30 до 14:00 часот и дел од корисниците од улиците 95, 100, 101, 102 и 103 во населба Волково, информира РЦУК Скопје. Електрична енергија од 08:30 до 14:30 часот ќе немаат и […]

ЗНМ одбележува 80 години постоење со свеченост во МОБ


Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) вечерва со свеченост во Македонска опера и балет ќе го одбележи јубилејот – 80 години од своето основање. Како што соопштуваат од ЗНМ, во рамки на настанот ќе бидат доделени годишните награди: „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело, „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство за 2025 година, како и Наградата […]

Советот на јавните обвинители треба да даде мислење за кандидатите за нов државен јавен обвинител


Советот на јавните обвинители денеска треба да ја одржи 38. седница, на чиј дневен ред е само една точка – давање мислење на Владата на РСМ по предлог за именување на јавен обвинител на Република Северна Македонија. Советот на јавните обвинители, во согласност со законските рокови, треба во рок од 15 дена да даде позитивно […]

Без вода улица Светозар Марковиќ, булеварот Кочо Рацин и објектот Веро Џамбо


Поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улица Светозар Марковиќ бб, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо. Како што информираат од ЈП Водовод и канализација Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. 

ССМ пред Владата ќе бара зголемување на минималната и сите останати плати


Сојузот на синдикати денеска со блолада на пристапите кон Владата ќе бара зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите други плати за 100 евра. Владата е третата институција која ќе биде блокирана од синдикатот откако минатата недела беа блокирани Собранието и Стопанската комора.  Блокадата, како што појаснуваат од ССМ, е поради тоа […]

Забрана за камиони на Стража и на патните правци Маврово – Дебар и Тетово – Попова Шапка


 Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на повисоките места  во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот превој Стража. […]

Дожд, снег, засилен северен ветер и пад на температурите


 Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Во источните делови од државава ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура […]

Астрономски календар


 Денеска е вторник, 17 февруари 2026 година, 48-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  317 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 27 минути, а ќе зајде во 17 часот и 9 минути. Денов трае 10 часа и 41 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Не биле шпекулации: ЕУ останува на правилата за превозниците


  Министерството за транспорт денеска им порача на медиумите да не наседнуваат на „шпекулации“ откако подгорички „Вијести“ објавија дека не бил постигнат договор меѓу Европската комисија и превозниците од Западен Балкан да се олабави правилот за престој 90/180. Европската комисија засега не покажува подготвеност да ги задоволи барањата на професионалните возачи поврзани со подолг престој […]

Армијата ќе објави конкурс за 300 нови војници


Министерството за одбрана наскоро ќе објави конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски. Во гостување на Тема на денот на Сител телевизија, тој информираше дека се очекува огласот да биде објавен по добивањето на потребната документација од Министерството за финансии, со цел приемот да започне веќе во […]

(Галерија) Треска и Вардар се мирни – не се закануваат со поплава во Скопскиот регион


  По обилните дождови што зафатија поголем дел од Македонија, денеска реките Треска и Вардар се со нормално зимски водостој.  Треска е бистра, со нормално течение во мирниот дел, а оној дел каде се одржуваат натревари во кајак на диви води, е разбрануван, но не и опасен. Како што покажуваат фотографиите на нашиот фотограф Борис […]

„Макам-транс“ најавува нова средба за проблемите на превозниците, се бара преодно решение


Во наредните две недели ќе се одржи уште една средба на транспортерите со претставници на Европската комисијз за изнаоѓање на решение за престојот во Шенген зоната, најавија денес од асоцијацијата на македонските превозници „Макам-транс“. Од асоцијацијата известија за средбата што ја имаа минатата среда во која велат дека преземаат чекори со цел да се овозможи […]

И за квази факултетите што ги отвори ВМРО-ДПМНЕ виновен е СДСМ!


  ВМРО-ДПМНЕ ги обвини СДСМ дека предизвикале драстично намалување на квалитетот на високото образование во Македонија, иако множењето на универзитетите како печурки и лажните дипломи беа иновација од нивниот претходен мандат. „Наместо кон прогрес, СДСМ е партија ориентирана кон пропаст. Меѓу низата направени катастрофални штети на државата, со Законот за високо образование, што го донесоа […]

БГНЕС: Откриена е „ирачката Александрија“


Ирачката пустина откри една од своите најубави тајни. Археолозите конечно ги открија остатоците од Чаракс Спасину, древна метропола за која се смета дека е засекогаш изгубена под влијание на времето, елементите и историјата. Оваа „ирачка Александрија“, врвниот доказ за безграничната амбиција на македонскиот освојувач, повеќе не е само име во античките текстови, пишува бугарски БГНЕС. […]

Во Крива Паланка ќе се протестира против „кравите низ градот“


На 26 февруари ќе се одржи мирен протест поради неконтролираното движење на говеда и нанесувањето штети врз приватни имоти и земјоделски површини на територијата на Општина Крива Паланка. Од Општината информираат дека спроведените инспекциски надзори од страна на Агенција за храна и ветеринарство резултирале со констатирани прекршувања на прописите за заштита и благосостојба на животните, […]

На прилепскиот карневал „Прочка“ преку 500 учесници од земјава и странство


Околу 500 маскирани учесници ќе дефилираат низ Прилеп на годинашниов карневал „Прочка 2026“. Карневалките свечености почуваат в петок со традиционалната изложба на маските, в сабота е детското карневалско дефиле, а в недела од 13 часот во центарот на Прилеп е дефилето на маските со учесници од Прилеп, од земјава и од странство. – Карневалот „Прочка“ […]

ССМ утре ќе ја блокира Владата од 11 часот за зголемување на платите


 Сојузот на синдикатите утре ќе ја реализира последната блокада со барање за зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. Последната институција која ќе биде блокирана е Владата. Ќе бидат блокирани влезовите на Владата од 11 часот.  Блокадата, велат од ССМ, е поради тоа што Владата и работодавачите […]

Од Преспа до „Њујорк тајмс“: Желките од Голем Град го привлекуваат вниманието на светската јавност


  Необичното однесување и отворените прашања поврзани со потеклото и иднината на желките од островот Голем Град во Преспанското Езеро, беа во фокусот на неодамнешен напис на американскиот весник „Њујорк тајмс“. Текстот беше поттикнат од новиот научен труд на нашиот херпетолог д-р Драган Арсовски, објавен минатиот месец во реномираното списание „Ecology Letters“.   На островот […]

Родителите навреме да ги вакцинираат децата, апелираат од Здравствениот дом – Куманово


Родителите навреме да ги вакцинираат децата, апелираа денеска лекарите од детскиот диспанзер при Здравствениот дом – Куманово. Градот и натаму останува меѓу општините со најнизок опфат на вакцинација во државата. Засега нема пад на имунизирани деца, но далеку е под посакуваниот опфат од 95 проценти. – За жал, Куманово сè уште стои на истото ниво. […]