Од среда заладување и обилни врнежи од дожд и снег


Под влијание на влажен и студен воздушен бран в среда ќе има врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег. На некои места врнежите ќе бидат обилни, над 25 литри на метар квадратен. Како што соопшти УХМР, поради заладувањето и спуштање на дневните температури од 10 до 15 степени врнежи од снег ќе има …

Од среда заладување и обилни врнежи од дожд и снег Read More »

Ахмети се самоизолирал во Зајас


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се самоизолирал во својата куќа во Зајас. Тоа го објави неговиот брат Фекри Ахмети на Фејсбук. – Останете дома! И следете ги препораките на надлежните.  Да ја поминеме оваа пандемија лесно, порача братот на Ахмети. Ахмети се самоизолирал по сугестија на  сопартијците, кои му препорачале на лидерот да не доаѓа …

Ахмети се самоизолирал во Зајас Read More »

(Во живо) Прес-конференција на инспекторите


Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, заедно со Стојко Пауновски – Директор на Државен пазарен инспекторат, Иринка Сотирова – Директорка на Државен санитарен и здравствен инспекторат, Висаре Риза – Агенција за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Аљадин Хавзиу – Директор на Државен инспекторат за труд, Руфат Хусеини – Директор на државен инспекторат за транспорт и …

(Во живо) Прес-конференција на инспекторите Read More »

Заразени пет вработени во МВР


Заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу на својот фејсбук-профил напиша дека Полициската станица Петровец е во реален ризик од коронавирус. – Вирусот Ковид-19 почна да напаѓа и во Министерството за внатрешни работи. Потврдено дека имаме позитивни пет вработени во полицијата, додека во Полициската станица Петровец постои реален ризик! Ги повикуваме вработените во полицијата за поголемо внимание …

Заразени пет вработени во МВР Read More »

Знамето на Македонија од денес пред седиштето на НАТО


Церемонија на подигнување на знамето на Македонија ќе се одржи попладнево во седиштето на НАТО во Брисел, со што ќе се означи пристапувањето на земјава во Северноатлантската алијанса. Церемонијата на подигнување на знамето ќе се одржи симултано во исто време во седиштето на Здружената команда за операции (Shape – Mons) и во седиштето на Здружената …

Знамето на Македонија од денес пред седиштето на НАТО Read More »

Рашковски за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ: Ова е лудило


Ете до кај оди лудоста, беше реакцијата на генералниот секретар Драги Рашковски на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека Владата „прави криминал со хуманитарните летови“ , земајќи наводно провизии за да ги врати дома граѓаните што се затекнати во странство. Откако прво ја обвинија Владата дека профитира со вакцините, ова е второ обвинување кое има за цел …

Рашковски за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ: Ова е лудило Read More »

МВР: Вкупно 242 лица не го почитувале полицискиот час, 95 од нив приведени


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 109 лица им се издадени решенија за изолација, а 112 лица потпишале изјави за самоизолација, соопшти МВР. Според статистиките на МВР, од страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека едно лице, во самоизолација, не …

МВР: Вкупно 242 лица не го почитувале полицискиот час, 95 од нив приведени Read More »

Граѓаните со симптоми на коронавирус да не одат, туку да се јават кај матичниот лекар


Владата на Фејсбук ги повика граѓаните доколку имаат симптоми типични за коронавирус, како температура, треска, кашлица, отежнато дишење, да се јават телефонски кај нивниот матичен лекар. -Јавете се телефонски, не одете директно во посета. Матичните лекари преку епидемиолошка анкета ќе утврдат дали треба да се тестирате или не. Доколку треба, преку системот „Мој термин“ тие …

Граѓаните со симптоми на коронавирус да не одат, туку да се јават кај матичниот лекар Read More »

Комерцијална банка планира да исплати дивиденда


Исплатата на дивидендата се очекува да се случи по завршувањето на вонредната состојба и продолжување на Собранието на акционерите Комерцијална банка одлучи да остане на својата одлука на акционерите да им исплати дивиденда од остварената добивка за минатата година, за што ја извести Македонската берза. Според објаснувањето на банката, таа постојано издвојува значаен дел од …

Комерцијална банка планира да исплати дивиденда Read More »

Од денеска Поликлиниката Чаир, а до крајот на неделава и „Млин Балкан“ ќе врши тестирања за Ковид 19


Тестирање за коронавиросот од денеска во Скопје ќе се врши во Поликлиника Чаир, а до крајот на неделава и во Поликлиниката  „Млин Балкан“. Уште два пункта ќе се отворат во другите градови во државата. Системот на закажување во новите пунктови, кои се надополнување на сегашните 14, ќе остане по принципот на пријавување преку матичните лекари. …

Од денеска Поликлиниката Чаир, а до крајот на неделава и „Млин Балкан“ ќе врши тестирања за Ковид 19 Read More »

Денеска ќе пристигнат повратници од Виена и Базел


Државјани на Република Северна Македонија кои се пријавени за хуманитарните летови се очекува денеска да пристигнат во земјава со летови од Виена и Базел. Синоќа по полноќ се очекуваше авион со 180 наши државјани да слетаат на скопскиот аеродром од Бон. Согласно протоколите за државни карантини, граѓаните ќе се упатат во хотел Дрим во Струга, …

Денеска ќе пристигнат повратници од Виена и Базел Read More »

Повеќе од еден месец од првиот случај со Ковид 19 во земјава


Помина нешто повеќе од еден месец кога во земјава беше регистриран првиот позитивен случај на коронавирусот. Оттогаш бројката секојдневно расте така што според последните податоци потврдени се 259 случаи на коронавирус во земјава, шест смртни случаи и тројца излекувани. Според министерот за здравство Венко Филипче, зголемувањето на бројката на заразени е очекувано, но добро е …

Повеќе од еден месец од првиот случај со Ковид 19 во земјава Read More »

МВР од денеска ќе ги доставува личните карти и возачките дозволи на домашна адреса


Личните карти и возачките дозволи од денеска ќе има можност да се достават на домашна адреса на граѓаните. Ова не важи и за пасошите за кои е потребно да се остави отпечаток на прст при подигање на документот. Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев најави дека од денеска ќе биде сменет правилникот за да се …

МВР од денеска ќе ги доставува личните карти и возачките дозволи на домашна адреса Read More »

Сончево и топло со температура до 19 степени, од среда заладување


Сончево време со максимална температура до 19 степени ќе преовладува денеска во земјава. Попладне се очекува зголемување на облачноста и според најавите на синоптичарите ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од од -1 до пет степени, а максималната ќе биде во …

Сончево и топло со температура до 19 степени, од среда заладување Read More »

Анкета: Филипче има поддршка од 82 отсто за работата


Огромни 82 проценти од граѓаните му веруваат на министерот за здравство Венко Филипче како се справува со кризата со корона вирусот. Ова е еден од резултатите од анкетата објавена во емисијата „Детектор“ на Сител. Само 11 проценти одговориле дека не се задоволни од работата на министерот. Анкетата е спроведена од Институтот за политички истражувања. Расположението …

Анкета: Филипче има поддршка од 82 отсто за работата Read More »

Оливер Вархеи никогаш не бил член на партијата на Виктор Орбан


Зошто ВМРО-ДПМНЕ постојано го сместува еврокомесарот за проширување во рамките на Фидес и со тоа наметнува погрешни заклучоци за Оливер Вархеи   Можеби унгарската амбасада во Скопје треба конечно да реагира на постојаните тврдења на ВМРО-ДПМНЕ (вклучувајќи го и вечерашното на Христијан Мицкоски во интервјуто за емисијата „Трилинг“ на ТВ24) дека европскиот комесар за проширување …

Оливер Вархеи никогаш не бил член на партијата на Виктор Орбан Read More »

Земјотрес почувствуван во Штип и околината


Во Штип и околината денеска е почувствуван земјотрес со интензитет од три до четири степени по Европската макросеизмичка скала. Земјотресот е регистриран во 12:35 часот со епицентар на 70 километри југоисточно од Скопје и потекнува од штипското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Земјотресот бил со локална Рихтерова магнитуда 3,5.

Професорка од Скопје печати 3Д држачи за визири од дома


Професорката по стручни предмети во СЕТУГС „Михајло Пупин“ – Скопје, Даниела Сандева, е една од многуте граѓани кои одговорија на повикот на Фејсбук групата 3Д Принт медицинска опрема, кои печатат делови за визири што ги користат медицинските лица, за заштита од корона вирусот. Во разговор за „Независен весник“ вели дека штом го прочитала повикот од …

Професорка од Скопје печати 3Д држачи за визири од дома Read More »

СДСМ: Мицкоски е главен антидржавен и антинароден протагонист


Владејачката СДСМ преку соопштение го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека се грижел само за партиски профит и дека воопшто не го интересира здравјето на граѓаните, „нивното враќање во татковината, не го интересира како вработените во институциите се справуваат со кризата, не му е важно колкава е пожртвуваноста кај нив“. Според СДСМ, „Мицкоски е заинтересиран само …

СДСМ: Мицкоски е главен антидржавен и антинароден протагонист Read More »

Мицкоски нема да го тужи Рашковски за објавените смс-пораки


ВМРО-ДПМНЕ преку својот портпарол Димче Арсовски соопшти дека лидерот на партијата Христијан Мицкоски немало да го тужи генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски за пораките што беа објавен заедно со владиното соопштение. Владата го обвини Мицкоски дека „врши притисок врз институциите при што организираните активности за враќање на македонските граѓани во нашата земја и за …

Мицкоски нема да го тужи Рашковски за објавените смс-пораки Read More »