СДСМ: Мицкоски е главен антидржавен и антинароден протагонист


Владејачката СДСМ преку соопштение го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека се грижел само за партиски профит и дека воопшто не го интересира здравјето на граѓаните, „нивното враќање во татковината, не го интересира како вработените во институциите се справуваат со кризата, не му е важно колкава е пожртвуваноста кај нив“.

Според СДСМ, „Мицкоски е заинтересиран само за неговата фотелја во раскошната палата на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски не сака да чуе ништо за здравјето на македонските граѓани.

Мицкоски треба да се засрами неговото однесување е ниско и неодговорно. Ниту еден политичар од самостојноста досега не се однесувал вака во време на криза. Во ниту една земја опозицијата во овие времиња не тера теснопартиска политика. Само ВМРО-ДПМНЕ секој ден продолжува со партиски препукувања и обвинувања, без ниту еден факт или доказ за изнесените клевети.

Граѓаните, јавноста, го ценат ваквото однесување на Мицкоски кој се профилира како главен антидржавен и антинароден протагонист.

Мицкоски, ова е борба за здравје и живот, а не борба за твојот политички опстанок“.

Во друго соопштение СДСМ објави дека објави и дека на вчерашната седница на Економскиот совет, на која присуствуваа и дополнителната заменик-министерка Кочовска и претставникот на опозицијата Трајко Славевски можеле да ги понудат сите предлози кои ги има опозицијата по однос на решавање на овие заеднички проблеми. „Но тоа не се случило“, тврди СДСМ.