Се бара решение за напливот на болни од КОВИД-19, апели да се почитуваат мерките за заштита


Состојбата со коронавирусот е крајно сериозна. Бројот на новозаразени пациенти со Ковид-19 секојдневно расте, а болничките капацитети забрзано се пополнуваат. Целосно се исполнети капацитетите на Инфективната клиника, модуларната болница, а во функција е ставена институцијата Центарот за белодробни болести каде се уште има капацитети. Отсега целата зграда за Интерни клиники ќе биде наменета за третман […]

Ставија асфалт на „Васил Ѓоргов“, не поминаа ни два дена, пак ја прекопаа


Неколку дена по завршување на комплетната реконструкција на улицата „Васил Ѓоргов“ во центарот на Скопје, повторно е раскопана, веројатно заради некоја подземна инсталација. Градоначалникот Петре Шилегов, неколкупати порано ветуваше дека кога некоја улица ќе биде реконструирана сите компании кои треба да постават подземни инсталации ќе бидат известени, за тоа да го направат пред асфалтирањето, а […]

За задушница зголемен број автобуси што одат до гробиштата „Бител“


Град Скопје информира дека и утре, како и денеска кон гробиштата „Бутел“ ќе сообраќаат повеќе автобуси, за да можат граѓаните да стигнат без метеж и безбедно. Имено, поради верскиот празник Задушница, и во сабота , на редовните линии 59 (Карпош 3-Кучевишка бара-Гробишта „Бутел“), 59А (Ново Лисиче-Гробишта „Бутел“) и 59Б (Кисела Вода-Гробишта „Бутел“) ќе сообраќаат дополнителен […]

Аеродром со повеќе од 1.000 заразени е на врвот од скопските општини


  Со денешните 569 новозаразени во Скопје, неколку општини имаат всок број активно заболени од Ковид-19, но Аеродром продолжува да биде скопска општина со најмногу болни. Имено, во Аеродром има 1.021 активен случај со Ковид-19. Следуваат Карпош со 892, па Центар со 848, а Гази Баба има 847. Кисела Вода и Ѓорче Петров имаат по […]

Повторно многу заразени – нови 1.128 случаи на КОВИД-19, починаа 12 лица, оздравеа 307


Во последните 24 часа се направени 3.082 тестирања, а регистрирани се 1.128 нови случаи на КОВИД -19. Од нив во Скопје-569, Куманово-51, Дебар-12, Штип-35, Прилеп-43, Тетово-50, Струга-16, Велес-45, Битола-57, Охрид-38, Кавадарци-35, Гостивар-10, Гевгелија-14, Струмица-33, Крива Паланка-5, Радовиш-11, Крушево-2, Кочани-22, Пробиштип-5, Демир Хисар-5, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-4, Делчево-8, Кратово-3, Свети Николе-8, Кичево-27, Ресен-7, Неготино-8. Институтот […]

Вакцинацијата против сезонски грип почнува во вторник, најави Филипче


Сите вакцини против сезонски грип стигнаа и вакцинацијата ќе започне од вторник, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. За време на викендот, посочи, ќе се направи дистрибуција, а веќе се подготвени пунктовите за вакцинација во Здравствениот дом и во центрите за јавно здравје.

Јово Вангеловски се луксузирал, но законски


Државната комисија за спречување на корупцијата ја запре постапката по предметот на претседателот на Врховен суд Јово Вангеловски за набавка на службено возило во вредност од 40 илјади евра, бидејќи по добиените информации се утврдува дека јавната набавка е целосно законска и не може да се утврдат никакви неправилности. Членот на ДКСК Нури Бајрами, кој го […]

ДКСК: Има пропусти и слабости во законите што дозволуваат неказнето именување и разрешување в.д. директори


Државната комисија за спречување на корупцијата бара отворање на дебата за предвидување прекршочни одредби, бидејќи има прописти и слабости во законите за локална самоуправа и за јавни претпријатија што дозволуваат да продолжи неказнето именувањето и разрешувањето вршители на должност директор, било на централно или локално ниво. Членот на ДКСК Нури Бајрами, кој на денешната 40-та […]

Царовска: Со планско градење и инвестиции обезбедуваме пристап до образование на секое дете


Методологијата за прераспределба на општинските буџети за основните училишта, изработена од Здружението на истражувачи и аналитичари – ЗМАИ, поддржано од Фондација Отворено општество, според МОН, ги дава најважните сегменти во кои треба да се насочат инвестициите за да се подобрат инфраструктурните услови во основното образование. На денешната презентација на истражувањето, министерката за образование и наука […]

Заев: Се уште не се размислува за полициски час и карантин


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека се уште нема показатели кои би укажувале дека е потребно да се воведе полициски час или карантин поради пандемијата со корона-вирусот. Јас лично, рече Заев, сум против вакви мерки, но не е исклучено да се донесат, доколку Комисијата за заразни болести процени дека се потребни и ги препорача. Со […]

Филипче: Не излегувајте од дома


Mинистерот за здравство Венко Филипче ги повика граѓаните да не излегуваат од дома ако немаат суштинска потреба бидејќи ситуацијата е сериозна. „Состојбата е крајно сериозна, здравствениот систем е максимално мобилизиран да одговори на предизвикот. Да се заглагодарам на сите здравствени работници за натчовечките напори. Знам дека се преморени, но верувам дека ќе одговориме на овој […]

Од викендот стабилно и суво, со пониски утрински температури, некаде и под нулата


Стабилно и суво време но со пониски утрински температури, каде наместа ќе се спуштат и под нулата, не очекуваат за време на викендот и почетокот на  наредната недела. Од УХМР информираат дека од денеска следува период на стабилно и суво време со пониски утрински температури. Од недела ќе има услови за претпладневна магла по одделни […]

Целата зграда за Интерни клиники ќе биде наменета за пациенти со Ковид-19


 Во последните неколку недели имаме буквално експлозија на вирусот, како кај нас, така и во регионот и во цела Европа. Имајќи го предвид брзото пополнување на болничките капацитети го активиравме нашиот план за обезбедување дополнителни капацитети и сега целата зграда за Интерни клиники ќе биде наменета за третман на пациенти со Ковид-19, рече денеска на […]

Стевановиќ: Пациенти со средно тешка форма на Ковид-19 се лекуваат 16 дена


Во просек, пациенти со средно тешка слика на Ковид-19 се лекуваат 16 дена. Потешките случаи подолго од тоа, па и пред да бидат испишни од болница може да се негативни на болеста, но нивната состојба е тешка, па не може веднаш да се пуштет од болница, вели Милена Стевановиќ, директорка на Инфективната клиника. – Смртноста […]

Филипче: Брзо се пополнуваат болниците, дополнителни рестрикции нема


До денеска во Македонија од Ковид-19 заболеа 36.372 лица, информира министерот за здравство Венко Филипче, кој забележа дека есенскиот бран дополнително ги зголеми бројките и го стави здравствениот систем на тест. Сепак, по разговорите со комисијата за заштита од заразни болести, нема да има дополнителни рестрикции, но Филипче апелира да се почитуваат мерките и да […]

Воздухот во октомври бил загаден речиси исто колку лани, засега планот за чист воздух нема ефект


Новата мерна станица во Гевгелија, како и тие во Битола, Тетово и Куманово се единствените, од вкупно 19 мерни места кои ги мерат сите шест полутанти и даваат целосна слика за состојбата со загадувањето на воздухот во овие градови. Иако сезоната на аерозагадувањето зема залет, граѓаните сè уште секаде немаат точни и навремени податоци за […]

ФИТР: Центар Жупа, Боговиње, Свети Николе, Прилеп и Куманово ќе воведат електронско плаќање сметки


Фондот за иновации и технолошки развој и УНДП успешно реализираа јавен повик за дигитализација на општините – пилот, чија цел е полесен пристап и поквалитетни услуги на локално ниво преку развој на дигитални алатки и решенија. Избраното решение на компанијата Ентер од Охрид – Е-платформа LUCA E-LSG PLATFORM – ќе ги опфати алатките за Воспоставување […]

Синот на човекот кому му беше трансплантирано срце: Добив уште едно семејство


На иницијатива на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, вчеравечер се одржа панел-дискусија на тема „Органодарителство – состојба и предизвици“, чија цел е подигнување на јавната свест за дарување органи и развој на трансплантацијата во нашата држава. Во своето обраќање пред присутните Ѓоргиевска истакна дека во исклучително тешки услови, кога фокусот на македонскиот здравствен систем е […]

Пропадна одлучувањето за аболицијата на Уставен


Откако денеска уставните судии одлучуваа за членот 11а од Законот за помилување, врзан за аболицијата на Иванов од 2016. година, исходот беше 4:4, па оттаму не успеаа ниту да се договорат дали ќе има повторна седница по предлог на Осман Кадриу. Кадриу предложи да се одложи расправата за одлуката по членот 11а, со оглед на […]