Магливо во котлините


Фото: Б. Грданоски

Времето утринава ќе биде магливо или со значителна ниска облачност во некои од котлините, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени Целзиусови.

Во Скопје утрото ќе биде магливо, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 9 степени.

Под влијание на влажен бран од утре попладне до недела ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините со снег. Поради продор на студена воздушна маса од север, во сабота кон крајот на денот висинската граница на снежните врнежи ќе се спушти и под 1000 метри надморска висина, па особено во западните и северните делови од земјава ќе има снег на повисоките населени места, а понекаде ќе провејува и на пониските.