Фрчкоски примен на Инфективна, има Ковид-19


Универзитетскиот професор и поранешен министер за внатрешни и надворешни работи, Љубомир Фрчкоски, е заразен со Ковид-19, пренесе Фокус.

Тој бил хоспитализиран на Инфективната клиника откако почувствувал истоштеност поради покачена температура. Лекарите процениле дека треба да го задржат на болничко лекување, со цел да ја следат неговата понатамошна состојба.

Но, Фрчкоски се наоѓа во стабилна состојба.