Од Ковид-19 починаа 14 пациенти, новозаразени 627, оздравеле 644


Фото: Б. Грданоски

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.510 тестирања, а регистрирани се 627 нови случаи на ковид-19, што е 24,9 отсто.

Според градови: Скопје – 250, Куманово – 36, Дебар – 8, Штип – 12, Прилеп – 35, Тетово – 21, Струга – 6, Велес – 25, Битола – 25, Охрид – 21, Кавадарци – 31, Гостивар – 24, Гевгелија – 12, Струмица – 23, Крива Паланка – 8, Радовиш – 4, Кочани – 20, Пробиштип – 7, Демир Хисар – 2, Пехчево   1, Берово – 13, Валандово – 6, Делчево – 5, Кратово – 1, Свети Николе – 6, Кичево – 7, Ресен – 4, Неготино – 14.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 644 оздравени пациенти од: Скопје-241, Куманово-33, Штип-25, Прилеп-66, Тетово-26, Струга-44, Велес-12, Битола-29, Охрид-51, Кавадарци-2, Гостивар-37, Гевгелија-8, Струмица-11, Крива Паланка-11, Радовиш-5, Крушево-2, Кочани-10, Пробиштип-2, Берово-5, Виница-1, Кратово-3, Свети Николе-5, Кичево-8, Ресен-6 и Неготино-1.

Починати се 14 лица, четири пациенти од Скопје (82, 73, 67 и 58г), еден од Куманово (52г), четири од Прилеп (82, 66, 78 и 71г), еден од Струга (84г), еден од Битола (74г), еден од Охрид (59г), еден од Кавадарци (56г) и еден пациент од Гевгелија (80г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 79.815, бројката на оздравени пациенти е 56.743, на починати е 2.354, а бројот на активни случаи изнесува 20.718. Од вчера се регистрираат два контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 34.417, активни 11.660
Куманово 4.547, активни 567
Дебар 598, активни 122
Штип 3.226, активни 345
Прилеп 4.027, активни 730
Тетово 4.652, активни 951
Струга 1.937, активни 348
Велес 2.655, активни 557
Битола 2.913, активни 677
Охрид 2.266, активни 573
Кавадарци 1.960, активни 569
Гостивар 3.287, активни 632
Гевгелија 1.089, активни 304 (73 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 185 на Богданци и 12 се странски државјани)
Струмица 2.207, активни 637
Крива Паланка 577, активни 114
Радовиш 587, активни 125
Крушево 155, активни 66
Кочани 1.555, активни 264
Пробиштип 436, активни 51
Демир Хисар 229, активни 40
Македонски Брод 208, активни 33
Пехчево 132, активни 16
Берово 483, активни 77
Валандово 288, активни 63
Виница 432, активни 66
Делчево 656, активни 224 (181 лице од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
Кратово 186, активни 23
Свети Николе 1.022, активни 137
Кичево 1.533, активни 267
Ресен 606, активни 136
Неготино 949, активни 344 (150 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2.510 теста се преку: ИЈЗ-704, ЦЈЗ Скопје-65, Авицена-229, Биотек-182, МАНУ -145, Жан Митрев (Филип Втори)-94, Систина со PCR метода -162, лабораторија Лаор –25, Судска медицина-6, ЦЈЗ Битола-55, Инфективна клиника-4, ГАК-11, Синлаб-40, Ремедика-18, лабораторија болница Козле-18, ЈЗУ (рапид тест) -752, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 386.279 тестирања на Ковид -19.