Вакцините пристигнуваат, кој прв ќе фати ред?


Грција, Полска и Бугарија се земјите преку кои се набавуваат вакцини за Ковид-19. Од Владата велат дека се обезбедени 833.000 вакцини, што е доволно за 400.000 македонски граѓани

Граѓаните на Северна Македонија веќе на почетокот на идната година можат да се надеваат на вакцина против смртоносниот Ковид-19. Од Владата тврдат дека веќе се обезбедени 833.000 вакцини, што е доволно за речиси 400.000 граѓани, преку Ковакс-механизмот. Две недели по вакцинацијата, граѓаните ќе треба да примат уште една доза за ревакцинација. Веќе е изготвен и приоритетен план за вакцинација – на него се најдоа лекарите, медицинскиот персонал, хронично болните, повозрасните лица, но и политичарите.

Линк до целиот текст на Дојче Веле тука