Трет протест на ВМРО-ДПМНЕ за струјата


Третиот протест на ВМРО-ДПМНЕ за цената на струјата беше се автомобили. Тие тргнаа од паркингот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, по булеварот „Партизански одреди“ и дојдоа пред Регулаторната комисија за енергетика. И овој пат раководството на партијата беше меѓу оние што протестираат, на чело со претседателот Христијан Мицкоски. Генералниот секретар на партијата, Игор …

Трет протест на ВМРО-ДПМНЕ за струјата Read More »

Триста дечиња со пречки во развој ќе добијат стипендии


Вкупно триста стипендии за мотивација на дечињата со попреченост кои во учебната 2020/2021 година ќе се запишат во прво одделение или ќе го продолжат своето образование во второ одделение и ќе следат редовна настава, ќе бдиат доделени во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. Проектот го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно …

Триста дечиња со пречки во развој ќе добијат стипендии Read More »

Не постои ривалство, МНР и СЕП функционираат како тим, вели Османи


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска негираше дека постои ривалство со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. Одговарајќи на новинарско прашање, Османи рече дека функционираат како тим и оти вчерашните одвоени средби во Атина не се резултат на ривалство, туку на технички прашања поврзани со агендите. – И досега функциониравме како тим затоа што одредени …

Не постои ривалство, МНР и СЕП функционираат како тим, вели Османи Read More »

Нуредини се заложи за спас на Преспанското Езеро


Можностите за забрзување на активностите и на национално и на меѓународно ниво заради алармантната состојба со Преспанското Езеро биле разгледани на работната средба меѓу министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски. Заеднички став, информираат од МЖСПП, е дека со оглед на спецификата на Преспанското Езеро чии …

Нуредини се заложи за спас на Преспанското Езеро Read More »

Османи: Меѓувладината конференција со ЕУ ќе се одржи во декември


Меѓувладината конференција, со која се означува и стартот на преговори со Европската Унија, е предвидена за декември, тоа е нешто за што е постигнат консензус во март, а поддршката ја даде и Бугарија, истакна денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој одговарајќи на новинарски прашање ги изнесе своите очекувања, откако Бугарија излезе со објаснувачки …

Османи: Меѓувладината конференција со ЕУ ќе се одржи во декември Read More »

Нови 186 случаи со Ковид -19, починати седум пациенти


Во последните 24 часа се направени 1.674 тестирања, а регистрирани се 186 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 56 -Куманово 16 -Штип 8 -Прилеп 7 -Тетово 10 -Струга 6 -Велес 1 -Битола 6 -Охрид 2 -Кавадарци 4 -Гостивар 18 -Гевгелија 5 -Струмица 12 -Крива Паланка 3 -Радовиш 2 -Кочани 17 -Пробиштип 1 -Македонски Брод 1 …

Нови 186 случаи со Ковид -19, починати седум пациенти Read More »

Во Штип втор случај на корона вирус кај веќе прележан пациент


Во Штип е регистриран втор случај на повторување на коронавирсуот кај маж вработен во една конфекција во градот. Марија Димитрова директор на Центарот за јавно здравје-Штип вели дека работникот првиот пат бил позитивен пред неколку месеци, а бил откриен при масовното тестирање во текстилните конфекции. Првиот пат тој бил асимптоматски, додека деновиве појавил поблаги симптоми …

Во Штип втор случај на корона вирус кај веќе прележан пациент Read More »

Во Струмица се вклучува алармот: Дете во градинка заразено со Ковид-19


Во последните денови во Струмица секојдневно се бележи зголемен број заразени од Ковид-19. Вчера беа регистрирани 18 нови случаи, а денеска е регистриран и случај на заразено дете од струмичката градинка, додека во последните два дена починаа тројца. – Нема простор за паника, но има простор за подигање на алармот, бидејќи Струмица долго време беше …

Во Струмица се вклучува алармот: Дете во градинка заразено со Ковид-19 Read More »

Груби: И странските компании ако вработат припадник на друга етничка заедница ќе имаат корист – барем за полесна комуникација


Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска ја појасни најавата за субвенционирање на вработувањата во приватниот сектор на припадници на другите етнички заедници во земјава. – Во Владината програма која беше усвоена во Собранието стои дека Владата ќе го повика и охрабри бизнис секторот, домашните и странските компании …

Груби: И странските компании ако вработат припадник на друга етничка заедница ќе имаат корист – барем за полесна комуникација Read More »

Илија Димовски ѝ порачува на опозицијата да биде поактивна за образованието


По само неколку седници на Собранието долгогодишниот поранешен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, побара од опозицијата да биде поактивна и да покаже иницијатива околу учебната година во училиштата, затоа што власта била неспособна. Наведувајќи ги датумите во 10 земји од регионот во кои веќе е започната учебната година и покрај пандемијата со корона вирусот, Димовски …

Илија Димовски ѝ порачува на опозицијата да биде поактивна за образованието Read More »

Милевски: Создаваме основа за проекти за регионален развој поддржани од фондовите на ЕУ


Министерството за локална самоуправа денеска со првата од седумте тематски работилници го отпочнува процесот на консултација за подготовка на новата Стратегија за регионален развој на државата за наредниот десетгодишен период. Согласно со Законот за рамномерен регионален развој, потенцира министерот за локална самоуправа Горан Милевски, Стратегијата за регионален развој претставува долгорочен плански документ со кој се …

Милевски: Создаваме основа за проекти за регионален развој поддржани од фондовите на ЕУ Read More »

Нов парк во Аеродром


На постојната зелена површина од 2.000 метри квадратни на крстосницата помеѓу булеварот „Јане Сандански“ и улицата „Владимир Комаров“ во Општина Аеродром, денеска започна редизајнот на третата од вкупно четири локации, што Градот Скопје ги уредува во зелени скверови. – Ова е третата локација на која Градот Скопје во соработка со Скопје Лаб работи на уредување …

Нов парк во Аеродром Read More »

ЈСП ќе продолжи да вози по саботен дневен ред поради мал број патници


ЈСП ќе продолжи да вози по саботен возен ред затоа што има многу мал број патници кои го користат јавниот градски превоз. Зголемена фрекфенција на патници, вели градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, има само во перодите кога се оди на работа и тоа само на одредени линии. Тоа, појснува тој, се решава со зголемување …

ЈСП ќе продолжи да вози по саботен дневен ред поради мал број патници Read More »

Од денеска 1.600 наставници се обучуваат за користење на Националната платформа за онлајн настава


Околу 1.600 наставници од денеска до сабота ќе се обучуваат за користење на Единствената национална платформа за онлајн настава, со цел од 1 октомври да учебната година да се одвива непречено, соопшти Министерството за образование и наука. МОН во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Бирото за развој на образование …

Од денеска 1.600 наставници се обучуваат за користење на Националната платформа за онлајн настава Read More »

Делегација на Македонскиот полициски синдикат во работна посета на Агенцијата за разузнавање


Делегација на Македонскиот полициски синдикат (МПС) предводена од претседателот Марјан Кицев и генералниот секретар Киро Трајковски оствари работна средба со директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу. На средбата, како што соопшти МПС, директорот на АР Муслиу, ја потенцирал важноста од добрата соработка со Македонскиот полициски синдикат, како единствен репрезентативен синдикат за вработените во Агенцијата …

Делегација на Македонскиот полициски синдикат во работна посета на Агенцијата за разузнавање Read More »

Влада: Децата во градинка, родителите да се вратат на работа


Владата на Република Северна Македонија во врска со реакциите на дел од родителите кои досега ја користеа мерката продолжено породилно отсуство, ја информира јавноста дека Одлуката од 4-та седница одржана на 14 септември 2020 година, сите родители на деца од 0 до 6 години, кои досега беа ослободени од работниот процес, да се вратат на …

Влада: Децата во градинка, родителите да се вратат на работа Read More »

Сите 11 основни училишта во Гази Баба се подготвени за настава


Основните училишта во општина Гази Баба се целосно подготвени за безбеден почеток на новата учебна година, со комбинирана настава во сите училишта, соопшти Општината. Секое основно училиште подготви посебен протокол за работа, план за движење и дезинфицирање на објектот, по кој секој треба да се придржува. – Како општина ги презедовме сите мерки кои се …

Сите 11 основни училишта во Гази Баба се подготвени за настава Read More »

Бочварски бара кадар за јакнење на оперативата за капитални инвестиции


Новиот министер за транспорт и врски Благој Бочварски денеска упати повик за вклучување на градежни и сообраќајни инженери, правници и архитекти, професори и експерти од секоја област во поставување систем кој, како што рече на прес-конференција, ќе биде мозокот и вистински координатор на оперативата за силни капитални инвестиции. – Во ова тешко време на ковид …

Бочварски бара кадар за јакнење на оперативата за капитални инвестиции Read More »

Учениците во земјава по завршување на основото и средно образование добиваат знаење како за 7,3 години учење


Индексот на човечи капитал на Светска банка во земјава во периодот 2010 – 2020 година се зголемил од 0,54 на 0,56, но сепак е понизок споредено со просекот во регионот на Еропа и Централна Азија и земјите со висок среден приход. Според Индексот на човечки капитал, дете родено денес во Северна Македонија ќе достигне 56 …

Учениците во земјава по завршување на основото и средно образование добиваат знаење како за 7,3 години учење Read More »