Триста дечиња со пречки во развој ќе добијат стипендии


Вкупно триста стипендии за мотивација на дечињата со попреченост кои во учебната 2020/2021 година ќе се запишат во прво одделение или ќе го продолжат своето образование во второ одделение и ќе следат редовна настава, ќе бдиат доделени во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“.

Проектот го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, а финансиски е поддржан од страна на Европската Унија.

Овој проект има за цел да обезбеди целосна и еднаква вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта кои прераснуваат во безбедни средини што се отворени и пристапни за сите деца и посветени да обезбедат квалитетно образование на децата со разновидни образовни потреби. Како дел од проектот ќе се доделат стипендии на деца со попреченост кои во учебната 2020/2021 година ќе се запишат во прво одделение или ќе го продолжат своето образование во второ одделение. Целта на овие стипендии е да се пружи поддршка на семејствата на децата со попреченост во надминување на трошоците поврзани со нивното школување, училишни материјали, специјализирана опрема, воннаставни активности, асистенти за помошедукација, трошоци за терапија, транспортни трошоци или други слични специфични потреби, а воедно да се поддржи одлуката за проактивно и засилено запишување на ученици со попреченост во редовните училишта, информира Благица Димитровска од „Инклузива“.

Годинава стипендии ќе се доделат на вкупно 300 ученици, висината на месечната стипендија е 50 евра во денарска противвредност, а бројот на месеци во кои ќе се доделуваат стипендии ќе зависи од времетраењето на училишната годината според препораките од Министерството за образование и наука.

Задржувањето на стипендијата во следната учебна година зависи од редовноста на ученикот во училиште и успешниот премин во следното одделениеВклученоста и редовноста на настава е од витално значење за задржување на стипендијата. Очекувањата за редовноста на учениците со попреченост ќе бидат дефинирани индивидуално за секој ученик во консултација со инклузивниот тим во училиштето и со експерт за деца со попреченост кој ќе биде вклучен и во избор на стипендистите. Во планот за редовност ќе бидат земени предвид и препораките поврзани со пандемијата со КОВИД-19 и начинот на кој ученикот ќе ја следи наставатадалечински или со физичко присуство. Редовноста на учениците ќе се следи постојано и ќе се прават извештаи за истата на месечно ниво. Средствата од стипендијата се доделуваат на родител или старател на ученикот, додаде Димитровска.

Можност за пријавување имаат  децата кои ги исполнуваат следните основни критериуми: поседуваат документација за вид и степен на попреченостдеца со попреченост кои во учебната 2020/2021 година ќе се запишат во прво одделение или ќе го продолжат своето образование во второ одделение, ќе се обврзат на редовно посетување на наставата, во зависност од индивидуалните можности и согласно препораките за безбедно посетување настава во услови на пандемијата КОВИД-19, да не се корисници на било каква друга стипендија доделена од било која друга институција или компанија и на  родителот/старателот кој аплицира во име на кандидатот за стипендија да не му е одземено родителското право.

За дефиниција на дете со попреченост се користи разбирањето за попреченост кое е дефинирано во Правилникот за оцена на видот и степенот на попреченост на лицата во менталниот или телесниот развој и се однесува на лица со оштетен видслухпречки во гласот, говорот и јазикотпречки во телесниот развојпопреченост во менталниот развој, лица со аутизам и друго перварзивно развојно растројство, лица со повеќе видови на попреченост.

Пријавата за стипендија од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ како и сите услови и потребни документи може да ги пронајдете на www.inkluziva.mk

Документите треба да се достават најдоцна до 30 септември 2020, а семејствата на кандидатите кои ќе добијат стипендија не го губат правото на гарантираната минимална помош согласно член 4 од „Правилникот за начинот на остварување на правото на гарантирана минимална помош…” (Службен весник на РСМ, бр. 109 од 28.5.2019 година): При остварување и користење на правото на гарантирана минимална помош, како приход не се смета стипендијата.

Дополнителни информации или договор за доставување на документи може да се најдат и во Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ – 072 307 326   Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ – 076 279 663 и     Здружение за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“ – 070 256 926.