Сообраќајот се одвива по влажни коловози, снег паѓа на Попова Шапка


Сообраќајот на патиштата се одвива непречено по влажни коловози. Снег врне на Попова Шапка, информираат од АМСМ. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова […]

Се намалува бројот на активни случаи на Ковид-19 во државава


Бројот на активни случаи на Ковид-19 во државава се намалува. Вчера нивниот вкупен број изнесуваше 16704 од кои 10231 се во Скопје, а завчера – 16964 од кои 10322 од Скопје. Според податоците на Министерството за здравство за изминати 24 часа, регистрирани се нови 166 случаи со Ковид-19, починати се 10 пациенти, а оздравени се […]

МВР ќе добие современа форензичка лабораторија


МВР ќе добие целосно нова зграда за потребите на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења, придобивки ќе има и правосудниот систем бидејќи услугите кои ги нудат форензичките лаборатории се клучни во сите постапки на судовите и обвинителствата, но најголем бенефит ќе имаат граѓаните. Новите простории ќе обезбедат доволен простор за складирање, третирање, обработка и архивирање […]

Облачно со врнежи од дожд


Времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови, каде локално ќе наврнат и над 20 л/м2. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 1 до 8 степени, […]

Почина хирургот Драгослав Младеновиќ


Од ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ информираа дека починал нивниот колега, професор д-р Драгослав Младеновиќ. -Денеска околу 17 часот не напушти нашиот драг и почитуван колега професор д-р Драгослав Младеновиќ. Целиот свој работен век тој го помина во Клиниката за хируршки болести Св. Наум Охридски во Скопје. Беше редовен професор на […]

Д-р Ненад Панов од Кочани почина од компликации од Ковид-19


Абдоминалниот хирург Ненад Панов (39)од Кочани е најновата жртва на Ковид-19 и покрај напорите на медицинските лица да ја подобрат неговата здравствена состојба. Панов ја загуби тринеделната битка со подмолната болест на една од приватните клиники во Скопје, откако во текот на ноќта имал две реанимации и состојбата му се стабилизирала. Сепак, рано изутрината лекарите […]

Оздравеа 416, новозаразени се 166, а починаа 10 пациенти од Ковид-19


Во последните 24 часа се направени 1.049 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 88 -Куманово 2 -Штип 4 -Прилеп 11 -Тетово 13 -Струга 11 -Велес 1 -Охрид 13 -Кавадарци 4 -Гостивар 7 -Крива Паланка 2 -Крушево 1 -Кочани 2 -Пробиштип 2 -Виница 1 -Кичево 2 -Неготино 2 Починати се 10 […]

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 883 пациенти со Ковид-19


 Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 504 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство. Во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективното одделение во Тетово […]

До понеделник пообилни врнежи од дожд и снег на планините


Од попладне се очекуваат врнежи на цела територија на државата, а особено поинтензивни ќе бидат во западните делови каде ќе наврнат нови 30 литри на метар квадратен. На планините во северозападниот дел од државата ќе врне снег. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека до изутринава во западните делови количествата на врнежи изнесуваат 20 литри на […]

Г.г. Стефан: Пандемијата ни докажа колку човекот е немоќен, луѓето заборавија да веруваат во Бога и да ги љубат ближните


Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје денеска се одржа утринска божикна литургија по повод големиот христијански празник Рожденството Христово – Божик. Со литургијата чиноначалствуваше поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан во придружба на свештенослужители на МПЦ-ОА. Во божикната порака, на верниците им посака да се сакаат еден со друг, […]

Груби и Ахмети честитаа Божик


Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби преку пораки, им посакаа среќен Божик на сите православни верници. „Посакувам овој Божик да донесе благосостојба и мир во сите семејства што слават и благословениот дух на овој празник да ги допре сите луѓе“, напиша Ахмети изразувајќи желби за посветла […]

Заев со божикна честитка: Обединети околу универзалните христијански вредности и сплотени во љубов да го победиме злото што ја одбележа минатата година


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во свое и во име на Владата, упати честитка по повод големиот христијански празник Рождество Христово – Божик, до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски и македонски г.г. Стефан, до членовите на Синодот, до свештенството и монаштвото, како и до сите православни […]

Најзафатени граѓаните од 25 до 44 години, слободно време имаат најмногу возрасните, жените и натаму повеќе работат дома отколку мажите


Најголем дел од времето во денот македонските граѓани го поминуваат во спиење. Обожуваат гледање телевизија. Најзафатени се оние меѓу 25 до 44 години, со најмногу слободно време се возрасните над 65 години. Работата дома во земјава се уште е на жената. Во домашните активности предводи жената без разлика дали е вработена или не. Ова го […]

Ноќеска и утрово температури над нулата, до крајот на денот дожд, а на планините снег


Времето во текот на ноќта и изутринава беше облачно со локални врнежи од дожд, особено во западните делови. Дуваше умерен ветер од јужен, а на планините од југозападен и западен правец. Утрово е претежно облачно, а локален дожд има во западните делови од земјава. Минималните температури беа над нулата во целата земја. Најниска беше температурата […]

Новогодишна традиција – новинарот Петар Ставрев со шампањ на Пелистер


Новинарот и фоторепортер Петар Ставрев (80 г.) и годинава со шампањ в рака ја честиташе Новата година на вработените кои работат на највисоката кота во државата, на дежурниот тим во радио-телевизискиот предавателен пункт „Пелистер“ на планината Баба. Навлезен во деветтата деценија од животот, полн со енергија и со силен мотив, Ставрев на 2 јануари се […]

Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег


Времето во земјава ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во западните делови, особено претпладне и кон крајот на денот, а локално таму ќе наврнат и над 25 л/м2. На планините ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 […]

Православните христијани го слават Рождеството Христово – Божик


Православните христијани во земјава денеска го слават Рождеството Христово-Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат божикни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи литургија на Св.Василиј Велики. По повод Божик, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно […]

Денеска 1.689 оздравени пациенти, новозаразени 622, починаа 12


Во последните 24 часа се направени 2.452 тестирања, а регистрирани се 622 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 300 -Куманово 29 -Дебар 10 -Штип 18 -Прилеп 23 -Тетово 9 -Струга 3 -Велес 19 -Битола 19 -Охрид 22 -Кавадарци 29 -Гостивар 7 -Гевгелија 10 -Струмица 16 -Крива Паланка 7 -Радовиш 6 -Крушево 1 -Кочани 18 -Пробиштип […]

Филипче: Обезбедени пари за вработување на близу 250 приватни специјализанти


Министерот за здравство д-р Венко Филипче во утринската емисија на МРТВ најави вработување на приватни специјализанти, за што се обезбедени финансиски средства. – Со приватните специјализанти имавме бројни состаноци, дадовме ветување. Обезбедени се финансиски средства за близу 250 специјализанти да бидат вработени во јавните здравствени установи, за иднината да ја гледаат тука во нашата земја […]

Владиката Петар ги нападна реформите во образованието, ЛГБТ заедницата, а јогата ја нарече квази религија


„Со сексуалното образование под палките на ЛГБТ заедницата ќе им се отворат вратите кон развратот, кон разни психички растројства, а противприродните односи на хомосексуалците, лезбејките и сите перверзни типови ќе се третираат како природни“, порачува владиката Петар во божикното послание   БИТОЛА – Апсурдни се најавените реформи во образованието, се омаловажува нашата историја, се тргува […]