Делегација на Македонскиот полициски синдикат во работна посета на Агенцијата за разузнавање


Делегација на Македонскиот полициски синдикат (МПС) предводена од претседателот Марјан Кицев и генералниот секретар Киро Трајковски оствари работна средба со директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу.

На средбата, како што соопшти МПС, директорот на АР Муслиу, ја потенцирал важноста од добрата соработка со Македонскиот полициски синдикат, како единствен репрезентативен синдикат за вработените во Агенцијата за разузнавање и подготвеноста за соработка во интерес на вработените.

– Единствена цел на Македонскиот полициски синдикат е да продолжиме со одличната соработка со раководството на Агенцијата за разузнавање, сѐ со цел обезбедување подобри услови за работа и подобрувањето на стандардот на вработените во Агенцијата за разузнавање,  истакнал Марјан Кицев во обраќањето пред присутните.