Трет протест на ВМРО-ДПМНЕ за струјата


Третиот протест на ВМРО-ДПМНЕ за цената на струјата беше се автомобили. Тие тргнаа од паркингот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, по булеварот „Партизански одреди“ и дојдоа пред Регулаторната комисија за енергетика.

И овој пат раководството на партијата беше меѓу оние што протестираат, на чело со претседателот Христијан Мицкоски. Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, на вратата на Регулаторна залепи хартија на која пишуваше „Оставка“.

Во кусото обраќање Јанушев рече дека „Комисијата е маша во рацете на Заев. ВМРО-ДПМНЕ ќе побара надзорна расправа во Комисијата за финансирање и буџет за посакување на цената на струјата. Ќе побараме да се разгледа начинот на работа на Регулаторната комисија“.