Дваесет и двегодишен студент нов случај на позитивен на Ковид-19 во Кавадарци


Дваесет и двегодишен студент е новиот случај на позитивен на Ковид-19 во Кавадарци, потврди за МИА доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог во кавадаречкиот Центар за јавно здравје. Тој имал симптоми, а претходно бил во контакт со заболен член во семејството. Има лесна клиничка слика и е на домашно лекување. Се утврдуваат контактите, со цел нивна …

Дваесет и двегодишен студент нов случај на позитивен на Ковид-19 во Кавадарци Read More »

Утре одлука за дневниот престој во училиштата


Комисијата за заразни болести утре изутрина ќе се состане за да ја разгледа можноста за воведување дневен престој во училиштата, а одлуката ќе зависи од епидемиолошката слика. -Последната информација што ја имавме во Комисијата е дека нема да има целодневен престој. Утре наутро имаме состанок, ќе ги видиме ставовите на Министерството за здравство, на министерот …

Утре одлука за дневниот престој во училиштата Read More »

Се дезинфицираат училиштата во Карпош пред почетокот на учебната година


Од утре ќе се врши дезинфекција на девет основни општински училишта во општина Карпош пред почетокот на учебната година од 1 октомври. Минатата недела беше целосно дезинфицирано ООУ „Лазо Трповски“ во Карпош 3, а утре дезинфекцијата ќе продолжи во ООУ „Петар Поп Арсов, во Карпош 4, „Аврам Писевски“ во Бардовци и „Христијан Тодоровски Карпош“ во …

Се дезинфицираат училиштата во Карпош пред почетокот на учебната година Read More »

Денес „Вело родео“ во Градски парк


Во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност денеска кај Школка во Градскиот парк ќе се одржи настан „Вело Родео” во организација на здружението на граѓани „Еко Логик”. Настанот е поддржан од Делегацијата на Европската унија во Скопје, а право на учество имаат учениците од 4 до 9 одделение од основните училишта кои имаат …

Денес „Вело родео“ во Градски парк Read More »

Бројот на деца одлучувачки за целодневната настава, МОН понуди решение за децата кои немаат ИТ-уреди


Наближува почетокот на учебната година, која поради корона кризата ќе стартува на 1 октомври, а Комисијата за заразни болести вчера и денеска ја разгледува можноста за воведување целодневна настава во основните училишта, со оглед на тоа што наставата со физичко присуство, која е предвидена за деца до трето одделение ќе биде скратена. Министерот за здравство …

Бројот на деца одлучувачки за целодневната настава, МОН понуди решение за децата кои немаат ИТ-уреди Read More »

Повторно се зголемува процентот на позитивни од вкупниот број тестирани, се прави анализа на причините


Изминативе три дена е зголемен процентот на позитивни случаи на Ковид-19 од вкупниот број на направени тестови. Според министерот за здравство Венко Филипче имавме тренд на опаѓање од 10 проценти, стигнавме донекаде 6,5, а сега е околу осум. Министерот вчера информира дека деновиве се прават анализи за зголемениот процент на позитивни случаи што ќе продолжи …

Повторно се зголемува процентот на позитивни од вкупниот број тестирани, се прави анализа на причините Read More »

Сончево и топло преку ден, утринските температури ниски


Сончево време со мала до умерена локална облачност ќе преовладува денеска во земјава. Ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. За денеска, според метеоролозите, утринската температура ќе се движи од 6 до 16 степени, а дневната од 24 до 29 степени. Слично време ќе преовладува и во Скопје каде утринската температура ќе …

Сончево и топло преку ден, утринските температури ниски Read More »

Пожар на Стогово, Центар Жупа нема противпожарна единица


Шумски пожар на планината Стогово во Општина Центар Жупа. Гори нискостеблеста шума. За сега не е активирана авионската единициа за гаснење на пожари поради недостапноста на теренот. -Во контакт сме со општината, но Центар Жупа нема противпожарна единица. Останува ноќта да ја минеме во набљудување на состојбата, велат за Сител жителите од селото Броштица, кое …

Пожар на Стогово, Центар Жупа нема противпожарна единица Read More »

Уште две деца од струмичката градинка позитивни на Ковид-19


Уште две деца од струмичката градинка од истата група од која е првото, се позитивни на Ковид-19, потврди директорот Васил Бубев. -Не може да се потврди дека станува збор за поврзаност со првиот случај на Ковид- 19 во групата, бидејќи едното од децата воопшто не се сретнало со првото позитивно дете, додека другото било во …

Уште две деца од струмичката градинка позитивни на Ковид-19 Read More »

Нови 140 случаи со Ковид-19, починаа шестмина


Во последните 24 часа се направени 1.397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на Ковид-19 во: – Скопје 47 – Куманово 18 – Штип 3 – Прилеп 7 – Тетово 15 – Струга 3 – Велес 3 – Битола 3 – Охрид 1 – Кавадарци 2 – Гостивар 3 – Гевгелија 4 – Струмица …

Нови 140 случаи со Ковид-19, починаа шестмина Read More »

МОН изработи видео: Како треба да се однесуваат учениците во училиште


Министерството за образование и наука со поддршка на УНИЦЕФ и УСАИД изработи видео во кое се прикажани протоколите кон кои ќе треба да се придржуваат учениците, наставниците и родителите со враќањето на децата во училниците од први октомври годинава. Видеото е веќе достапно на официјалните Фејсбук профили на МОН, на министерката за образование и наука …

МОН изработи видео: Како треба да се однесуваат учениците во училиште Read More »

„Златен септември” месец посветен на зголемување на свесноста за детските малигнитети


На настанот „Убаво е да си херој“ што денеска се одржа на плоштадот „Македонија“ во Скопје петстотини волонтери пуштија петстотини златни балони во чест на децата кои се лекуваат од малигни болести. Настанот беше организиран од  невладината организација САНО  и Универзитетската клиника за детски болести, а присуствуваа директорката на Клиниката за детски болести Наташа Најдановска …

„Златен септември” месец посветен на зголемување на свесноста за детските малигнитети Read More »

Се реконструира улицата „Никола Парапунов“ во Карпош


Екипите на Град Скопје од денеска ја реконструираат улицата „Никола Парапунов“ во Карпош 4, на потегот од крстосница со булевар „Илинден“ до крстосницата со булеварот „Партизански одреди“. Во текот на градежните работи ќе се изврши комплетна реконструкција на коловозот по целата должина на улицата од околу 580 метри, реконструкција оштетените делови од тротоарите, како и …

Се реконструира улицата „Никола Парапунов“ во Карпош Read More »

Дел до училиштата во Делчево бараат онлајн, дел настава со физичко присуство


Делчевските советници ги донесоа одлуките со кои од Владата се бара дозвола училиштата во Делчево да организираат онлајн и настава со физичко присуство. Согласно одлуката, како што е истакнато во образложението, дел од училиштата бараат настава со физичко присуство, а дел онлајн настава. -Одлуката се однесува за организирање настава со физичко присуство за учебната 2020/21 …

Дел до училиштата во Делчево бараат онлајн, дел настава со физичко присуство Read More »

„Водовод и канализација“ – Скопје добитник на грант за реализација на проект финансиран од WBGC


Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, по потпишување на Меморандумот за соработка со Водовод Будимпешта, во февруари оваа година, пристапи кон реазлизација на проекти од заеднични интерес на двете претпријатија. Како што соопшти претпријатието, во таа насока, но и во насока на унапредување и подобрување на услугите за граѓаните, работните процеси како и системот …

„Водовод и канализација“ – Скопје добитник на грант за реализација на проект финансиран од WBGC Read More »

Комисијата за здравство ќе ја разгледува можноста за целодневна настава во училиштата


Комисијата за здравство викендов ќе ја разгледува можноста за целодневна настава во училиштата. Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека е направена анализа за бројката на деца коишто би требало да останат во училиште и после завршувањето на часовите во смена. -Ќе се донесе позитивна одлука исто како што се носи одлука и за исклучоците …

Комисијата за здравство ќе ја разгледува можноста за целодневна настава во училиштата Read More »

Рампата повторно се спушти, еко активистите не дозволуваат носење отпад на депонијата Русино


Незадоволни од последните изјави на официјалните лица и текот на решавањето на барањата за затворање на регионалната депонија Русино, од утрово еко активистите го блокираа носењето на отпад за сите комунални претпријатија. Од иницијативата „Стоп Русино-Чист воздух за Гостивар“ најавуваат протести и порадикални мерки. По речиси педесет дневна блокада на локалниот пат што води од …

Рампата повторно се спушти, еко активистите не дозволуваат носење отпад на депонијата Русино Read More »

Конечно гасифицирана болницата „Мајка Тереза“ во Чаир


Заврешна е гасификацијата на Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, што беше обележена како еден од најголемите загадувачи во Скопје, бидејќи досега се грееше на мазут. За гасифицирањето на болницата се инвестирани 17 милиони денари. Министерот за здравство Ванко Филипче, кој денеска заедно со првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички …

Конечно гасифицирана болницата „Мајка Тереза“ во Чаир Read More »

Јанкулоска не е во бегство – порачува дека нема потреба од спектакли


Откако вчера, Врховниот суд ја потврди пресудата за случајот „Тенк“ за набавката на блиндираниот мерцедес со кој експремиерот Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и бившиот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски се осудени на затворски казни, се прошири информација дека Јанкулоска е во бегство. Но, таа, на нејзиниот Фејсбук профил објави дека …

Јанкулоска не е во бегство – порачува дека нема потреба од спектакли Read More »

Филипче: Уште пет смртни случаи од Ковид-19, се прави анализа за високата смртност


Венко Филипче, министерот за здравство, при посетата на специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, по повод завршување на проектот за гасификација на установата, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека загрижува последниот тренд на поголем број на смртни случаи од Ковид-19 во Македонија на дневна основа. – Околу пет за жал починати …

Филипче: Уште пет смртни случаи од Ковид-19, се прави анализа за високата смртност Read More »