Дел до училиштата во Делчево бараат онлајн, дел настава со физичко присуство

Делчевските советници ги донесоа одлуките со кои од Владата се бара дозвола училиштата во Делчево да организираат онлајн и настава со физичко присуство. Согласно одлуката, како што е истакнато во образложението, дел од училиштата бараат настава со физичко присуство, а дел онлајн настава.
-Одлуката се однесува за организирање настава со физичко присуство за учебната 2020/21 година за учениците од Средното општинско училиште „М.М.Брицо“, Општинското основно училиште „Св.Климент Охридски“ заедно со подрачните училишта и настава со физичко присуство за учениците од 1 до 5 одделение од подрачните училишта на Општинското основно училиште „Ванчо Прке“. Одлуките од Советот ќе бидат доставени до Комисијата формирана од Владата за разгледување барања за организирање настава со физичко присуство, е истакнато во образложението од Советот.
На 44. седница на Советот, детската градинка „Весели Цветови“ доби согласност за работно време со времетраење од 5 до 18 часот и согласност за формирање групи со помал број деца од бројот предвиден во Законот за заштита на децата.
Четириесет и четвртата седница започна со оддавање едноминутна почит за починатите од Ковид-19 во Делчево.