Пожар на Стогово, Центар Жупа нема противпожарна единица


Шумски пожар на планината Стогово во Општина Центар Жупа. Гори нискостеблеста шума.

За сега не е активирана авионската единициа за гаснење на пожари поради недостапноста на теренот.

-Во контакт сме со општината, но Центар Жупа нема противпожарна единица. Останува ноќта да ја минеме во набљудување на состојбата, велат за Сител жителите од селото Броштица, кое е најблиску и најзогрозено од пожарот.