Нови 140 случаи со Ковид-19, починаа шестмина

Фото: Б. Грданоски
Во последните 24 часа се направени 1.397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на Ковид-19 во:
– Скопје 47
– Куманово 18
– Штип 3
– Прилеп 7
– Тетово 15
– Струга 3
– Велес 3
– Битола 3
– Охрид 1
– Кавадарци 2
– Гостивар 3
– Гевгелија 4
– Струмица 4
– Крива Паланка 2
– Радовиш 4
– Крушево 1
– Кочани 5
– Пробиштип 2
– Македонски Брод 1
– Берово 3
– Делчево 2
– Свети Николе 3
– Кичево 2
– Ресен 2
Починати се шест лица, тројца пациенти од Скопје (84, 73 и 74г), двајца од Тетово (68 и 55г) и еден пациент од Струга (62г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 60 оздравени пациенти од:
– Скопје 25
– Куманово 9
– Штип 3
– Прилеп 2
– Струга 3
– Охрид 2
– Кавадарци 2
– Крива Паланка 1
– Кочани 6
– Пехчево 3
– Берово 1
– Делчево 1
– Кичево 2
Досега во земјата се направени вкупно 174.097 тестирања на Kовид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.557, бројката на оздравени пациенти е 13.792, на починати е 689, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.076.

Во последните 24 часа се направени 1397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на ковид-19 во:- Скопје 47-…

Posted by Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë on Сабота, 19 септември 2020

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се четири деца и четири мајки позитивни на Ковид-19, пет деца и пет мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се двајца, а вкупно хоспитализирани се 31 пациент. На респираторна машина е еден пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, а во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 160, позитивни и сомнителни на Ковид-19.