Променливо облачно со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен повремено засилен ветер […]

Астрономски календар


 Денеска е петок, 20 март 2026 година, 79-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  286 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 37 минути, а ќе зајде во 17 часот и 46 минути. Денов трае 12 часа и 8 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Промовирани методи и решенија за моделирање на воздухот во урбаните средини


Современи научни методи и практични решенија за моделирање на воздухот во урбаните средини, со особен фокус на локалните предизвици во градот Скопје, се промовирани на дводневната работилница „Чист воздух и одржливи градови: современи научни и практични пристапи кон одржливо управување со квалитетот на урбаниот воздух – меѓународни искуства и локални предизвици“, што се одржа во […]

Оџачарот Дино од Куманово и годинава во хумана мисија за Кочани


Кумановецот Амзир Рушити-Дино, оџачар повторно ќе чисти оцаџи, а средствата ќе ги намени за засегнатите од трагичниот настан од Кочани. Тој во денешната изјава за медиумите рече дека бесплатно ќе ги исчисти оџаците на сите кои ќе му покажат уплатница дека донирале на здружение на граѓани за спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“. Лани, тој чистеше оцаџи […]

Ако викендов одите кон Галичник – внимавајте!


Поради снежните врнежи од синоќа, патот кон Галичник има наноси од снег.   – Патот е прооден, но задолжително е возилата да бидат опремени со зимска опрема (зимски гуми и ланци). Апелираме до сите кои ќе се упатат кон Галичник да возат внимателно и прилагодено на условите на патот -информираат од месната заедница.   Согласно […]

Мартовските пензии ќе се зголемат линеарно за 1.000 денари, усвоени законските измени


Пратениците во рамки на денешната 94. седница дадоа поддршка за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, и двата по скратена постапка. Со Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, се предлага зголемување на сите пензии за 1.000 денари од 1 […]

Од 13.000 до 25.000 евра месечно: Толку добиваат експерти од Македонија и Србија за изградбата на автопатиштата


  Македонски и српски експерти добиваат месечни хонорари од 13.000 до 25.000 евра за нивниот ангажман во изградбата на автопатските делници на коридорите 8 и 10, што ги градат компаниите „Бехтел и Енка“. Ова го покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во рамките на проектот „Јавен надзор над јавните набавки“. Истражувањето открива дека […]

Поради Рамазан Бајрам, ЈСП ќе вози по неделен возен ред


ЈСП „Скопје“ информира дека  за време на трите дена од продолжениот викенд (20.03.2026 год. – 22.03.2025 година), поради верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.   Работно време на билетарници и центри за персонализација Во петок (20.03.2026 год.) и недела (22.03.2026 год.) дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар. Во […]

Обвинителството достави список за повлекување сведоци во случајот „Пулс“


Обвинителството денеска на сите обвинети за случајот „Пулс“ им го достави списокот со сведоци за кои предлага да бидат повлечени од постапката поради тоа што преку сведочењето на другите сведоци се утврдиле околностите. Обвинетите треба да се изјаснат дали го прифаќаат повлекувањето на сведоците до следното рочиште закажано за 25 март годинава. За следното рочиште […]

Во здравството им бараат мито, но никој не пријавува


Корупцијата во здравството е нормализирана појава, пациентите често не ја препознаваат и речиси никој не пријавува, се главните заклучоци од истражувањето за искуствата, перцепциите и ставовите на граѓаните за коруптивните практики во здравствениот систем. Иако мнозинството испитаници ја перцепираат како сериозен проблем, само мал дел потврдуваат дека се соочиле со корупција во пракса, велат од […]

Ќе се реконструираат државните училишта со ресурсни центри


Министерството за образование и наука продолжува со инвестициските активности за подобрување на инфраструктурните услови за поквалитетна едукација и унапредување на ученичкиот и студентскиот стандард. Годинава, како што информираат од МОН, покрај тоа што ќе продолжи реконструкцијата на државните студентски домови, ќе почне и темелна обнова на државните училишта со ресурсни центри, кои се столб на […]

Врховен суд контра Основниот суд Битола во случајот со одмрзнувањето на имотот на „Руд-Коп“ за бизнисите во РЕК „Битола“


  БИТОЛА – Врховниот суд на Македонија донесе пресуда со која се уважува барањето за заштита на законитоста на јавниот обвинител од Битола поврзана со замрзнувањето на имотот на битолската фирма „Руд-Коп“ сопственост на битолскиот бизнисмен Кирил Билјановски, која копаше јаловина во РЕК „Битола“ за време на СДСМ и директорувањето на Пеце Матевски во 2022 […]

Продолжениот викенд променливо облачно, со повремен засилен северен ветер


Променливо облачно време со умерен, повремено засилен ветер претежно од северен правец и минусни утрински температури, најавува УХМР за наредните денови. Како што информира, во понеделник ќе има и услови за слаби врнежи од дожд.  Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец, а температурата […]

Град Скопје пренамени стан во своја сопственост во шелтер-центар за жртви од насилство


Стан во сопственост на Град Скопје, денеска премина во рацете на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство „Глас против насилство“.    Таму ќе може да се сместуваат ќртви кои не можат да му избегаат на насилникот,а овој објект ќе претставува сигурност, заштита и нов почеток за жртвите на семејно насилство!   – […]

Предлог-законот за заштита од пушење во вторник на владина седница, а потоа во собраниска процедура


Предлог-законот за заштита од пушење во вторник ќе биде на седница на Влада, а потоа ќе биде процесиран во Собрание. Сметам дека за еден, максимум еден и пол месец, законот ќе биде процесиран. Немаме ниедна отворена точка што не е завршена. Имавме неколку состаноци со сите заинтересирани страни, ги анализиравме сите забелешки и од научна […]

Битола со помош на Германија доби бесплатна Wi-Fi мрежа низ градот


Граѓаните и посетителите на Битола од сега можат да користат бесплатен јавен Wi-Fi на локацијата Градски пазар. Мрежата е поставена во рамки на иницијативата WiFi4WB, која е финансирана од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од GIZ како дел од проектот EU4Digital. Целта на иницијативата е да се овозможи бесплатен […]

Бесплатни стоматолошки прегледи за децата и пензионерите – континуирана грижа за здрави насмевки


По повод 20 март – Светскиот ден на оралното здравје, Општина Центар континуирано реализира бесплатни стоматолошки прегледи за деца од предучилишна и училишна возраст, како и за пензионерите, како дел од посветеноста на превенцијата и унапредувањето на оралното здравје. Во таа насока, беше одржан работен состанок со Проф. д-р Соња Апостолска, декан на Стоматолошкиот факултет […]

На Попова Шапка четири степени под нулата и 60 сантиметри снег


Четири степени под нулата се евидентирани утрово на Попова Шапка, додека висината на снежната покривка изнесува 60 сантиметри, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. Еден сантиметар снег има во Крушево. Температура под нулата е регистрирана и во Лазарополе, Маврови Анови и Крушево. Најтопло, со измерени осум Целзиусови степени, е во Штип, Велес, Скопје-Петровец, Струмица, Кавадарци […]

Алиу: Македонија е меѓу најдобрите земји во намалување на смртноста кај децата


Македонија е меѓу најдобрите земји во светот во извештај на Обединетите Нации за намалување на неонаталната смртност за деца под пет години на глобално ниво, рече на прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу. „Овој глобален извештај за 2025 година кој беше објавен вчера покажува дека Македонија е рангирана меѓу најдобрите земји во светот во намалување […]

Благоја Механџиски вработува роднини на настраданите во Кочани


Првиот човек на фармацевтскиот гигант Зегин, Благоја Механџиски нуди вработување за сите членови на настраданите во трагедијата во Кочани, тврдат ченови на семејствата на загинатите во огромната трагедија. Механџиски на здружението на граѓани ,,16 Март Кочани 2025″ формирано од членови на семејствата на настраданите во пожарот во Пулс им доделил деловни простории во кои семејствата […]