Кампањата почна со минимална предност на СДСМ, вели анкетата на Телма


Македонија ја очекуваат неизвесни избори, покажува анкетата на Телма што ја направи агенцијата „М-проспект“. Според оваа анкета, за коалицијата на СДСМ и Беса би гласале 23,5 отсто, додека за коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 21,9 отсто од гласачите. Во албанскиот блок анкетата покажува дека во предност е ДУИ со поддршка од 6,4 отсто, а коалицијата на Алијансата …

Кампањата почна со минимална предност на СДСМ, вели анкетата на Телма Read More »

Задолжителен карантин за македонските државјани по влез во Хрватска


Хрватска донесе одлука за 14 дневен карантин за македонски државјани кои ќе влезат во нивната држава. Ова се должи на високата бројка која ја имаме секојдневно. Сите што ќе влезат од овие земји ќе мора да поминат 14 дена во изолација. Обврската не се однесува за транзит низ земјата. Во државава пак, почнувајќи од 26 …

Задолжителен карантин за македонските државјани по влез во Хрватска Read More »

Филипче: Со отворање на границите и аеродромите нема да се зголеми бројот на дијагностицирани пациенти


Отворањето на границите не е некој значаен ризик за зголемување на бројот на ново дијагностицирани случаи затоа што локалната трансмисија е најголемиот ризик, изјави министерот за здравство Венко Филипче за време на попладневната посета на Клиничка болница-Битола. Според Филипче, отворањето на границите со воспоставената контрола на аеродромите и начинот на анкетирање на патници на влез …

Филипче: Со отворање на границите и аеродромите нема да се зголеми бројот на дијагностицирани пациенти Read More »

Касами: Нашата коалиција ќе победи и ќе освои најмалку 61 пратеник


Под слоганот „Можеме” денеска носителот на изборната единица број шест на коалицијата предводена од СДСМ, Билал Касами ја почна предизборната програма од регионот на Зајас. На средбата со жителите на Зајас, Касами рече дека симболично почнале од Зајас, бидејќи сакат да докажат дека се борат за еднаквост во државата. – Движењето Беса излезе на политичката …

Касами: Нашата коалиција ќе победи и ќе освои најмалку 61 пратеник Read More »

За Стоилковски е срамна одлуката на ЈО да се прогласи ненадлежно за Дончев


Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски ја оцени како срамна одлуката на  Обвинителството за организиран криминал и корупција споделена во медиумите, со која е прогласија за ненадлежни за постапување по видеото на кое што се гледа Ден Дончев, директорот на Фондот за здравство како , според него,  зема пари и ги става во чанта! -Ова е …

За Стоилковски е срамна одлуката на ЈО да се прогласи ненадлежно за Дончев Read More »

„Хендикеп плус“: Изборниот спот на ВМРО-ДПМНЕ е понижувачки за лицата со хендикеп


На првиот ден од кампањата се појавија реакции за некои од спотовите на партиите. Здружението „Хендикеп плус” реагира на предизборниот спот на ВМРО-ДПМНЕ под слоганот „Исправи се Македонијо“, посочувајќи дека дел од интерпретациите на содржината на спотот оставаат можност лицата со попреченост да бидат прикажани во понижувачки контекст, во деградирачка и навредлива позиција наспроти сите …

„Хендикеп плус“: Изборниот спот на ВМРО-ДПМНЕ е понижувачки за лицата со хендикеп Read More »

Решенија за изолација за 886 лица, 152 потпишале изјави за самоизолација, регистрирани 544 прекршоци поради неносење маски


На 886 лица им се издадени решенија за изолација, а 152 лица потпишале изјави за самоизолација во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава. Како што соопшти МВР, од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, евидентирани се пет лица кои не ја почитувале мерката за изолација и …

Решенија за изолација за 886 лица, 152 потпишале изјави за самоизолација, регистрирани 544 прекршоци поради неносење маски Read More »

Фондот за пензиско до утре ќе испрати податоци за исплата на пензиите за јуни до банките


Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, информира дека податоците за исплата на пензиите за месец јуни до сите деловни банки ќе ги испрати најдоцна до утре и препорачува деловните банки преку своите филијали и експозитури да обезбедат готовинска исплата на пензиите за клиентите кои не користат картички во четири групи. Првата група, …

Фондот за пензиско до утре ќе испрати податоци за исплата на пензиите за јуни до банките Read More »

УХМР: И покрај најавите за поројни дождови, нема опасност од излевање на поголемите реки, но можно е слевање вода во градските средини


Нема опасност од излевање на поголемите реки во земјава и покрај најавите дека во наредните неколку дена се можни локални поројни врнежи дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Но, доколку на одредени места врнежите бидат поинтензивни и и паднат за кратко време, во форма на невреме со силен ветер, можна е појава на слевање …

УХМР: И покрај најавите за поројни дождови, нема опасност од излевање на поголемите реки, но можно е слевање вода во градските средини Read More »

Заев експресно одговори на новинарските здруженија


Професионални раководства на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и националниот радиодифузен сервис, најави лидерот на СДСМ Зоран Заев на својот профил на Твитер. Тој со ова даде одговор на едно од прашањата кои ги поставија Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика …

Заев експресно одговори на новинарските здруженија Read More »

Единствена Македонија: Ќе ги одземеме украдените 15 милијарди евра


Единствена Македонија на Јанко Бачев  и Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ ја започнаа изборната кампања која ќе се води на терен преку непосредни разговори со народот „очи во очи“, преку социјалните мрежи и преку класичните медиуми. Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ настапува со кандидатски листи во сите шест изборни единици. Нивната реторика е …

Единствена Македонија: Ќе ги одземеме украдените 15 милијарди евра Read More »

Љупчо Николовски побара чист мандат за СДСМ


СДСМ и Коалицијата својата кампања во изборната единица број 3 ја започнаа од Виница, при што носителот на кандидатската листа за пратеници, Љупчо Николовски истакна дека актуелната власт за краток период  постигнала успеси и затоа бара уште еден чист мандат за да направи уште повеќе и уште подобро. – Можеме уште подобро со минималната плата, …

Љупчо Николовски побара чист мандат за СДСМ Read More »

ДПА ќе бара гласови за консензуална демократија


Демократската партија на Албанците (ДПА) на градскиот плоштад во Тетово ја презентираше платформата за превремените парламентарни избори на 15-ти јули. „Доаѓа лето низ врата“ е мотото со кое ќе настапи ДПА на парламентарните избори. – Целта на ДПА, претседателот на партијата да биде заменик премиер. Ова не е индивидуален проект. Заменик премиер на Македонија и …

ДПА ќе бара гласови за консензуална демократија Read More »

Насер Зибери, Албанецот премиер на ДУИ


ДУИ денеска соопшти дека Насер Зибери е нивниот предлог за прв Албанец премиер во државата. Зибери е познат политички аналитичар, нотар по професија и поранешен парламентарец. ДУИ во Преспа денеска ја започна предизборната кампања под мотот „Време е за премиер Албанец“. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека од овде од Преспа се отварија вратите …

Насер Зибери, Албанецот премиер на ДУИ Read More »

Во болница се лекуваат 359 пациенти со Ковид-19, петмина на респиратор


На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се четворица пациенти. Вкупно се хоспитализирани 93 пациенти од кои на кислородна поддршка се 36 пациенти, и нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани едно дете и 11 возрасни позитивни на Ковид-19. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 17 нови, од кои четворица …

Во болница се лекуваат 359 пациенти со Ковид-19, петмина на респиратор Read More »

Чаир, Гази Баба, Сарај, Бутел и Аеродром со најмногу активни случаи на Ковид-19


Чаир со 413 случаи на заразени од корона вирус, предводи во скопските општини. Следуваат Гази Баба, Сарај, Бутел и Аеродорм, но и Центар, Карпош и Кисела Виде се општини кои имаат над 100 заболени. Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини …

Чаир, Гази Баба, Сарај, Бутел и Аеродром со најмногу активни случаи на Ковид-19 Read More »

Починаа уште осум пациенти, нови 136 заболени од Ковид-19


Осум починати, нови 136 случаи и 43 оздравени пациенти е најновиот биланс од тестирањата во послендите 24 часа. Во последните 24 часа се направени 1208 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на Ковид-19. – Скопје 80 – Куманово 6 – Штип 1 – Прилеп 3 – Тетово 24 – Струга 1 – Велес 3 …

Починаа уште осум пациенти, нови 136 заболени од Ковид-19 Read More »

Мисајловски настапува како жртва на политичко насилство, но ќе води кампања со „исправена кичма“


Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на кандидати за пратеници во Изборната единица 2 ја почна кампањата преставувајќи се како жртва на политичко насилство, но  решен и покрај тоа да води позитивна кампања. Според него, како на последните локални избори, така и сега непосредно пред кампањата за овие избори, нему и на …

Мисајловски настапува како жртва на политичко насилство, но ќе води кампања со „исправена кичма“ Read More »

Најден човекот што истури шут кај ПМФ – му следува казна


  Екипи на Инспекторат на Град Скопје навремено спречија непрописно одлагање на кабаст отпад и создавање дива депонија во близина на комплексот на Природно математички факултет во Гази Баба. Сторителот е најден преку сигурносни камери на комплексот и ќе биде соодветно казнет, соопштија од Град Скопје. Имено, вчера преку социјалните мрежи се проширија фотографии и …

Најден човекот што истури шут кај ПМФ – му следува казна Read More »

МЗ демантира дека Комисијата за заразни болести била против отворање на границите


Министерството за здравство преку соопштение целосно ги демантира и смета дека се невистинити објавените написи во врска со тоа дека Комисијата за заразни болести не препорачала отворање на границите. На состанокот на 22 јуни Комисијата за заразни болести донесе одлука за препорака за отворање на границите и таа одлука заедно со другите одлуки и препораки …

МЗ демантира дека Комисијата за заразни болести била против отворање на границите Read More »