Насер Зибери, Албанецот премиер на ДУИ


ДУИ денеска соопшти дека Насер Зибери е нивниот предлог за прв Албанец премиер во државата. Зибери е познат политички аналитичар, нотар по професија и поранешен парламентарец.

ДУИ во Преспа денеска ја започна предизборната кампања под мотот „Време е за премиер Албанец“. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека од овде од Преспа се отварија вратите на Македонија за ероинтеграциите. Оптимистички најави дека државата за пет години ќе биде дел од ЕУ и го најави Насер Зибери како премиер Албанец.

Краткиот коментар на Зибери беше дека го изненадила понудата , но се почувствувал почестен што токму на него паднал изборот.

Зибери три пати беше избран за пратеник на изборите 1990, 1994 и 1998 година и тоа од редовите на Партијата за демократски просперитет (ПДП), во периодот од  1996 – 1998 беше министер за труд и социјна политика, како и потпретседател на Влада на РМ. По завршување на политичкиот мандат работи како нотар.