Кампањата почна со минимална предност на СДСМ, вели анкетата на Телма


Фото: Б. Грданоски

Македонија ја очекуваат неизвесни избори, покажува анкетата на Телма што ја направи агенцијата „М-проспект“. Според оваа анкета, за коалицијата на СДСМ и Беса би гласале 23,5 отсто, додека за коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 21,9 отсто од гласачите. Во албанскиот блок анкетата покажува дека во предност е ДУИ со поддршка од 6,4 отсто, а коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива имаат пет отсто.

Новата конзервативна партија – Интегра има еден процент поддршка, а сите други партии што учествуваат на овие избори се со рејтинг под еден отсто.

Уште сега 19,7 отсто од испитаниците се изјасниле дека нема да гласааат. Како и пред секои избори бројот на оние што одбиваат да кажат за кого ќе гласаат е висок – 18,3 отсто.

Според анкетата, ВМРО-ДПМНЕ е во водство кај етничките Македонци со 30,4 отсто доверба, наспроти коалицијата на СДСМ, која има поддршка од 27,5 проценти. Меѓу етиничките Албанци најголема поддршка има ДУИ со 27,4 отсто, па Алијансата за Албанците со 21,2  и СДСМ и Беса со седум отсто.