Изминатото деноноќие 436 прекршоци за неносење маска


Во текот на изминатото деноноќие (1 и 2 мај) на територијата на државава по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 436 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.

Мицкоски: На Велигден споменуваме за големата саможртва на Бога и го славиме


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го честита големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден на православните верници во државава. -Посакувам многу среќа, здравје, и просперитет за Вас и Вашите најблиски. На Велигден споменуваме за големата саможртва на Бога и го славиме, бидејќи преку воскресението ја славиме и вечноста. Овој Велигден покрај празничната радост не обзема […]

Заев: Велигден да ни биде потсетник да внимаваме на личното и на здравјето на другите


Премиерот Зоран Заев испрати писмо со честитки до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски и македонски Господин Господин Стефан, до членовите на Синодот и свештенството и монаштвото на МПЦ-ОА, како и до сите православни верници по повод големиот празник Воскресение Христово – Велигден. Во честитката премиерот Заев истакнува дека во време […]

Пендаровски го честита Велигден: Да шириме љубов и добра мисла и да му се радуваме на животот


 Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и сите православни верници, и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев и припадниците на […]

Честитка од Џафери за Велигден, желби за добро здравје, среќа, успеси и радости


Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка до граѓаните од православната вероисповед за големиот христијански празник, Христовото воскресение – Велигден, посакувајќи им во негово и во име на пратениците убави празнични моменти во кругот на семејството. -Упатувам искрени желби за добро здравје, лична и семејна среќа, лични и колективни успеси и радости. Големите празници се […]

Променливо облачно и натпросечно топло


 Времето денеска ќе биде променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Во утринските часови во западните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната од 24 до 33 степени. Во Скопје, променливо облачно […]

Велигден и оваа година во услови на пандемија, но без полициски час, се намалува бројот на нови случаи на Ковид-19


Православните верници и втора година по ред го празнуваат Велигден во услови на пандемија, но годинава без полициски час, со апели за максимално почитување на мерките за заштита од Ковид-19. Во меѓувреме, по воведените рестриктивни мерки, бројот на нови случаи на Ковид-19 се намалува. Во деноноќието меѓу петокот и саботата, од направени 2.276 тестирања се […]

Денеска се враќа полицискиот час


Полицискиот час се враќа на сила денеска, 2 мај и ќе трае секој ден до до 15 мај (со можност за продолжување, зависно од епидемиолошката слика во државата), од 21 часот навечер до 5 часот наутро. Потсетуваме дека единствен исклучок, беше вчеравечер, пред Велигден, и вечерта на 12 кон 13 мај, за муслиманскиот празник Рамазан […]

Г.г. Стефан: Живееме во време на искушенија, да ја запазиме верата и да се однесуваме одговорно


Возљубени празникољупци, Велигден, денот на Христовото воскресение, е празник на животот и настан што ја промени историјата на светот. Воскреснатиот Господ е почеток и крај[2], и под небото нема друго име со кое би можеле да се спасиме[3]. Така и оваа година, минувајќи низ времето на Светата Четириесетница преку подвигот на постот и молитвата, и […]

Православните верници го слават Велигден


Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии. Годинава на велигденските богослужби можат да присуствуваат верници во храмовите, за […]

Од Ковид-19 починаа 36 лица, стапката на позитивни е 9,4 отсто


Од направени 2.276 тестирања во изминатите 24 часа се регистрирани 214 нови случаи на КОВИД-19, пријавени се 36 починати, како и 305 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Стапката на позитивни примероци е 9,4 отсто. Министерството соопштува дека 14 пациенти од денешниов биланс се починати од 1 до 17 април. Најголем број од новозаболените се […]

Заев и Филипче даруваа крв по повод Денот на трудот – 1 Мај


Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска даруваа крв во Службата за трансфузиска медицина во Струмица, по повод 1 Мај – Денот на трудот. – Постапката е многу едноставна, а вработените во Трансфузија се љубезни и пријатни при целиот процес на дарување крв. По дадената согласност, следува здравствена проверка, а потоа во […]

Велигден без полициски час, во сила останатите мерки за заштита од Ковид-19


Полицискиот час вечер нема да важи и граѓаните ќе можат слободно да се движат, со почитување на мерките за заштита-носење маска и држење дистанца. Ова е исклучок само за празникот Велигден и ограничувањето на движењето продолжува утре од 21 час до 05 часот. Согласно одлуката на Владата од 27 април, со цел справување со пандемијата […]

Границите на Грција остануваат затворени за македонските државјани до 14 мај


Одлуката на грчката Влада за привремено затворање на копнените граници и забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, е продолжена до 14 мај 2021 година, што значи дека јужниот сосед и понатаму останува затворен за македонските државјани, јави дописничката на МИА од Атина. Претходната одлука беше издадена во понеделникот, а во Службен […]

1 Мај без масовни протести поради ковид кризата, но со гласни барања за работнички права (фото)


Помеѓу пораките на политичарите за нивната грижа за работниците и поплаките на синдикатите за влошените работнички права – вака годинава се одбележува  Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, втора година по ред во услови на пандемија.  Ковид кризата и потребата да се почитуваат здравствените протоколи и годинава беа причина за помала масовност на работничките протести, […]

КСС: Пандемијата ја покажа вредноста на работниците за нормално функционирање на општеството


Со паролите „Да живее 1 мај“ и „Правда за работничките права“, раководството на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија (КСС) денеска пред Владата на Северна Македонија јавно ги искажа своите барања и незадоволства во однос на работничките права. – Раководството на КСС инспирирано од нашиот протест и прес-конференции организирани во изминатиов период, денеска до Владата […]

Во ковид-центрите хоспитализирани 1.147 лица


Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови низ земјава е 1.147 и во ковид-центрите има околу 740 празни болнички кревети, соопшти денеска Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 24 нови пациенти […]

Заев по повод 1 Мај: Обезбедивме зачувување на илјадници работни места, поголеми плати и минималец повисок за 6.000 денари


1 Мај –  празникот на работничките и работниците и оваа година го одбележуваме во посебна состојба заради условите што ги наметна пандемијата. Освен здравјето на луѓето, кризата се закани да загрози илјадници работни места. Токму затоа, на прво место на економските приоритети на Владата, уште од почетокот на пандемијата беше македонскиот работник – обезбедивме поддршка […]

Светиот благодатен оган пристигнува во државава


Денеска во вечерните часови се очекува да пристигне Светиот благодатен оган на Меѓународниот аеродром во Скопје. Директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски ќе ја има честа на Меѓународниот аеродром во Атина да го преземе Светиот благодатен оган од страна на грчката државно-црковна делегација која ќе го донесе од Ерусалим, каде речиси […]

Сообраќајот умерен по суви коловози, без подолги задржувања на граничните премини


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози со умерен интензитетот на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата […]