Десет заразени со индискиот сој во Македонија


Десет случаи на заразени со индискиот сој за корона вирусот се регистрирани во државава.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека последните четири случаи на заразени со индискиот сој се денеска потврдени во лабораторијата во МАНУ и тие немале премногу контакти.

– Имаат патувано во странство. Тоа се две двојки и нема епидемиолошки ризик. Сега епидемиолозите ја вршат таа работа која ја вршеа на почетокот, индивидуални контакти, изолација итн, рече Филипче.

Посочи дека околу 400 илјади граѓани се веќе вакцинирани од кои 240.000 се ревакцинирани, а до крајот на оваа недела ќе заврши и вакцинирањето на сите 60.000 пријавени кои добиле термин заедно со граѓаните кои се вакцинирани во Србија.

-Вкупната бројка на вакцинирани во нашата земја ќе биде 500.000. Апелирам граѓаните да се јават на пунктовите и да се вакцинираат.