Црвенковски ќе формирал партија пред локалните избори?


Поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, кој 20 години беше на чело на оваа партија, би можел да формира нов политички субјект за настап на локалните избори во втората половина во октомври, јавува  „Фактор“. Во СДСМ ниту ниту потврдуваат ниту негираат такво нешто. Шпекулациите говорат дека поранешниот премиер и претседател на Македонија ќе  формира партија […]

Заев: Информацијата е јавно добро, дезинформацијата е опасноста


Информацијата е јавно добро. Дезинформацијата е опасноста, порача премиерот Зоран Заев во својата честитка до медиумските работници по повод 3 Мај – Денот на слободата на медиумите. – На Светскиот ден на слободата на медиумите, важно е да повториме и потврдиме дека во Северна Македонија никогаш повеќе нема да дозволиме институциите да кријат информации. Властите […]

Пендаровски: Без слободни медиуми нема објективни и проверени информации


Истражувачкото новинарство и унапредувањето на транспарентноста позитивно влијаат врз демократиите и одржливиот развој. Без слободни медиуми нема објективни и проверени информации особено за време на тековната #Ковид19 пандемија, порача претседателот на државата Стево Пендаровски по повод Светскиот ден на слободата на медиумите.   – Овогодинешната тема на Светскиот ден на слободата на медиумите „Информациите како […]

Вархеjи утре со Заев и Едштадлер ќе го посети центарот за вакцинација во арената „Борис Трајковски’’


Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји утре ќе ја посети Северна Македонија по повод пристигнувањето на првите вакцини против Ковид-19, споделени и финансирани од ЕУ. Заедно со Вархеји, во Скопје ќе допатува и австриската министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер. Според најавата, еврокомесарот за проширување ќе оствари средба со премиерот Зоран Заев во Владата, по […]

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 617 пациенти, слободни 757 кревети


На инфективните оддели низ земјава се лекуваат вкупно 1085 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот и во ковид-центрите има 757 празни болнички кревети, соопшти денеска Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 22 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, со што на инфективните оддели во главниот град […]

Кризниот штаб предлага од среда полициски час од 23 до 5 часот и работа на угостителските објекти до 22:30


Главниот координативен кризен штаб на денешната седница ги разгледуваше предлозите пристигнати од Министерството за здравство и врз основа на нив и предлага на Владата на наредната седница да усвои одлука забраната и посебниот режим на движење да трае од 23 до 5 часот наредниот ден и времето за работа на угостителските објекти со гости само […]

Полициски час по 23 часот, рестораните ќе работат подолго?


Главниот координативен кризен штаб на денешната седница ги разгледуваше предлозите пристигнати од Министерството за здравство и врз основа на нив предлага на наредната седница на Владата да се усвои одлука за постојните мерки: – забраната и посебниот режим на движење да почнува од 23 часот до 5 часот наредниот ден; – време за работа на […]

ЗНМ: Значењето на независното и професионалното новинарство стана поважно од кога било


Одбележувајќи го Светскиот ден за слобода на медиумите – 3 мај, денес во услови на светска здравствена криза, повеќе од кога и да е претходно стана јасно значењето на независното и професионално новинарство, бидејќи кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19 ги исфрли на врвот сите доблести, но и слабости на новинарството кое во изминатиот период […]

Ковид-19 инфодемија низ призмата на медиумските работници


Известувањето среде пандемија беше и остана голем предизвик во кој новинарите и медиумските работници потиснати од бранувањата на информациите и дезинформациите поврзани со Ковид-19 пандемијата, имаа за задача да проценат дали во една вест преовладува јавниот интерес или претпазливоста од ширење на паника. МИА разговараше со неколку новинари и медиумски работници кои ги споделија своите […]

Галуп: На секој втор човек во светот му се намалени приходите поради пандемијата


Англија– На секое второ лице во светот му се намалиле приходите поради пандемијата на коронавирусот, а луѓето во сиромашните земји се особено погодени со загуба на работното место и скратување на работното време, покажа истражување на Галуп објавено денеска. Во истражувањето учествувале 300.000 луѓе од 117 земји, а резултатите покажаа дека половина од оние кои имаат работа заработиле помалку […]

СЕММ: Од властите е потребна поддршка за слободата на медиумите, од професијата – одговорност


Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), по повод 3 мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, соопшти дека од власта и институциите очекува да покажат сериозна одговорност и посветеност во поддршката на медиумските права и слободи, во насока на креирање поволен амбиент за медиумите во кој што тие ќе дејствуваат без какви […]

Голак – специфична планина со неоткриен потенцијал (репортажа)


Планините во Источна Македонија изобилуваат со свои специфики препознтливи за населението. Една од тие планини е и планината Голак над Делчево. Планина која изобилува со голем потенцијал за развој на планинарски спортови, но и место во кое некогаш свратуваа туристи, не само од С Македонија туку и од просторите на поранешна Југославија. За таквите специфики […]

Светски ден на слободата на печатот – 3 мај: Датум посветен на слободата на медумите, професионалната етика и новинарите


Со одлука на Генералното собрание на ОН од 1993 година, 3 мај е прогласен за Светски ден на слободата на печатот, со цел да ги потсетува владите на потребата од почитување и посветеност на слободата на медумите, но исто така и да ги поттикне новинарите на размислување за прашања за слободата на печатот и професионалната […]

Притисокот врз болниците се намалува, со масовната имунизација летово се очекува целосна промена на состојбата


Притисокот врз болниците се намалува, откако според вчерашниот билтен се регистрирани 105 нови случаи на заболени од Ковид-19. Денеска треба да заврши дистрибуцијата на 200 илјади вакцини на „Синофарм“ што во земјава пристигнаа во саботата и веќе од утре започнува масовна имунизација на населението и тоа од 10 до 15 илјади граѓани на ден, со […]

Сончево со мала до умерена облачност и северозападен ветер


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималните температури ќе бидат во интервал од 21 до 30 степени. Во Скопје и околината сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Максимнална температура ќе достигне до 26 степени. Во […]

Сообраќајот умерен по суви коловози, без подолги задржувања на граничните премини


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата […]

Следува стабилно време, со нешто пониски температури од изминатите денови


Во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со слаб до умерен јужен ветер, а температурите ќе бидат нешто пониски од изминатите денови. Само утре ветерот ќе биде од северозападен правец. Во средината на работната седмица ќе има услови за локален дожд со ретки грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Денес максималните температури ќе […]

Уште 45 жртви на Ковид-19, 25 во последното деноноќие, новозаразени 105


Во последните 24 часа се направени 946 тестирања, при што се регистрирани 105 нови случаи на Ковид-19. Според податоците од Институтот за јавно здравје пријавени се и вкупно 403 оздравени пациенти и 45 починати лица, од кои 20 починале во периодот од 29 март и 10 април 2021 година, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот […]

УХМР: Интензивно топење на снегот од планините го зголеми водостојот на реките, внимателно движење во сливните подрачја


Топлото време и високите натпросечни температури на воздухот за овој период од годината условија интензивно топење на снегот од планините и зголемување на водостојот на реките низ земјава и тоа најмногу на оние кои доаѓаат од повисоките планински масиви, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Од УХМР предупредуваат за внимателно движење покрај реките и суводолиците, […]

Без вода денеска дел од општина Бутел


Поради дефект, без вода денеска од 12 часот до завршување на работите ќе бидат корисниците на дел од улицата „Боца Иванова“, сервис Бутел – Водовод и погребалното претпријатие АД Бутел, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. Прекинот, се вели во соопштението, е поради скината цевка од страна на фирма – ф300 милиметри на улицата „Боца […]