Касами: Нашата коалиција ќе победи и ќе освои најмалку 61 пратеник


Под слоганот „Можеме” денеска носителот на изборната единица број шест на коалицијата предводена од СДСМ, Билал Касами ја почна предизборната програма од регионот на Зајас.

На средбата со жителите на Зајас, Касами рече дека симболично почнале од Зајас, бидејќи сакат да докажат дека се борат за еднаквост во државата.

– Движењето Беса излезе на политичката сцена како потреба за да се разбие биномот ДУИ и ДПА кои суштински ништо не измениле во положбата на Албанците во нашата земја. Ние влеговме во оваа коалиција бидеќи веруваме и убедени сме дека ќе успееме со нашиот слоган „Можеме”. Политичката и економската рамноправност во оваа земја е можна, рече Касами додавајќи дека ќе се трудат зборовите да се преточат во дела,

Вие знаете, посочи Касами, дека со фолклоризми не може да се оди напред.

– Колку пати беше ветен автопатот Скопје – Блаце од ДУИ, но никаде го нема и не само тоа и многу еколошки проекти не се реализирани. Потоа, болницата во Тетово треба да биде клиника, а таа едвај ги исполнува условите за обична болница. Да не должам, ние сме убедени во нашата победа и дека нашата коалиција ќе освои најмалку 61 пратеник и ќе успееме оваа ветена програма да го реализираме. Сите тие што ќе сакаат да бидат дел од идната влада ќе треба да имаат јасна програма, а не само распределба на министри и директори но и тендери, рече меѓу другото Касами.

За барањето на ДУИ за прв премиер Албанец, Касами нагласи дека дури по 20 години им текнало за Албанците дека треба да бидат рамноправни.

Заедно со Касами беа и претседателот на огранокот на Кичево и воедно кандидат за пратеник во шестата изборната единица од оваа коалиција Исен Ајдари.