Во болница се лекуваат 359 пациенти со Ковид-19, петмина на респиратор


Фото: Б. Грданоски

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се четворица пациенти. Вкупно се хоспитализирани 93 пациенти од кои на кислородна поддршка се 36 пациенти, и нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани едно дете и 11 возрасни позитивни на Ковид-19.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 17 нови, од кои четворица пациенти се трансферирани во болницата во Козле. До изутрината вкупно хоспитализирани се 124 пациенти од кои на респираторна машина се пет пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 32 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 75 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.