Владата ги осуди настанот во Струга и прославата на Чулев


Владата најостро го осуди организирањето на настанот во Струга поттикнат за одбележување на верски празник, како и организирањето на прославата за Денот на полицијата во Скопје. -Организирањето на овие настани во услови на пандемија значи свесно кршење на забраните за јавни собири, и е резултат на крајно неодговорни одлуки кои се закануваат да ги доведат …

Владата ги осуди настанот во Струга и прославата на Чулев Read More »

Интервју со амбасадорката на САД Кејт Брнз: Треба да се гордеете како одговоривте на кризата


Американската амбасадорка вели дека е важно е кога ќе влеземе во новата фаза на кризата, со сите предизвици околу обновувањето на економијата, да имаме целосно функционален парламент и влада што ќе ја преставува волјата на граѓаните   Слободанка Јовановска Амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Брнз, го оцени како робусен ангажманот на амбасадата на САД …

Интервју со амбасадорката на САД Кејт Брнз: Треба да се гордеете како одговоривте на кризата Read More »

Антонио Милошоски побара да му се суди на Заев


Високиот функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, побара денеска Зоран Заев „да се врати таму од каде што почна пред да биде премиер, а тоа е во судските клупи“. Зборувајќи на прес-конференција тој испорача барања од партијата: техничкиот министер Наќе Чулев и обвинителката Вилма Русковска да почнат да ги вештачат телефонот и комуникациите на Заев од …

Антонио Милошоски побара да му се суди на Заев Read More »

Повторно повеќе оздравени од заболени од Ковид – 19


Во изминатото деноноќие потврдени се 14 нови случаи на Ковид -19, почина пациент од Тетово на возраст од 61 година, хоспитализиран на 28 априла во ГОБ „8 септември“. На Институтот за јавно здравје денеска се регистрира 20 оздравени пациенти, по градови во: Скопје и Битола по еден, во Куманово девет, Прилеп двајца, Велес седум, информира …

Повторно повеќе оздравени од заболени од Ковид – 19 Read More »

ИЈЗ: Од 15 април се бележи пад на бројот на заболени од Ковид-19


Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска објави нова статистичка анализа за состојбата со Ковид-19 заклучно со 5 мај, кога во земјава беа регистрирани 1.539 случаи. Според анализата и исходот од заболувањето, 25.6 отсто се активни случаи, 68.7 отсто се водат како оздравени, испишани од болница или се со два негативни теста по домашно лекување. Најголем …

ИЈЗ: Од 15 април се бележи пад на бројот на заболени од Ковид-19 Read More »

Помош од UN Woman за еднородителски семејства, жртви на семејно насилство, шелтерите


Вкупно 1.860 пакети со храна и хигиенски продукти се како итен одговор и поддршка за оние кои се најсилно засегнати од кризата предизвикана од Ковид19 обезбеди телото на Обединетите нации за родова еднаквност и зајакнување на жените – UN Women. Во тесна соработка со Министерството за труд и социјална политика, оваа поддршка е наменета за …

Помош од UN Woman за еднородителски семејства, жртви на семејно насилство, шелтерите Read More »

Анкета: Граѓаните не знаат дали има депонија во нивната општина


Според неодамнешното истражување спроведено на социјалните мрежи, македонскиот граѓанин е слабо запознаен со третманот и управувањето со отпадот. На пример, на прашањето дали се запознаени со начинот на депонирање, складирање и преработка на отпад, само 37 отсто одговориле потврдно, додека 53 отсто знаат делумно, а 10 отсто не знаат. Во земјава во моментов има 54 …

Анкета: Граѓаните не знаат дали има депонија во нивната општина Read More »

Клиниката за пулмологија дезинфицирана со „УВ Гард“ – апарат на македонски иноватори


Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија со соопштение се заблагодари за донацијата на „УВ Гард“ за дезинфекција на површини и воздух од вируси и бактерии – изум од македонските иноватори Ивица Поцков и Никола Глигоров. Апаратот дезинфицира и површини и воздух, 360 степени наоколу. Ги уништува микроорганизмите кои доаѓаат во контакт со светлината, им ги …

Клиниката за пулмологија дезинфицирана со „УВ Гард“ – апарат на македонски иноватори Read More »

Викендов ќе се прска против комарци во Скопје


Град Скопје ги известува граѓаните дека првата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се реализира на 09.05.2020 година (сабота) и на 10.05.2020 година (недела), во раните утрински часови. Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските …

Викендов ќе се прска против комарци во Скопје Read More »

И Зоран Заев побара оставка на Наќе Чулев


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, утринава преку објава на Фејсбук побара оставка од техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев по верскиот скандал во Струга и скандалот со чадната бомба во Скопје на Денот на полицијата. „Дали Наќе Чулев се консултираше со Мицкоски пред да одлучи да го загрозува здравјето на граѓаните?        …

И Зоран Заев побара оставка на Наќе Чулев Read More »

Завршен планот за скрининг од следната недела, ќе се анализира скокот во бројот на нови заразени


Скокот во бројот на нови инфицирани со КОВИД-19  –  потврдени 33 случаи за 24 часа, од кои најмногу во Скопје (11) и во Велес (девет), ќе се следи деновиве за да се утврди дали е случајност или некоја варијација, рече министерот за здравство Венко Филипче откако по неколку дена пад и повеќе оздравени отколку заразени, …

Завршен планот за скрининг од следната недела, ќе се анализира скокот во бројот на нови заразени Read More »

Остри рекации на Османи и Филипче за Струга, бараат истрага и одговорност


Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за здравство, Венко Филипче, во остри реакции вечерва побараа одговорност и истрага кој дозволил и допуштил за време на вонредната состојба масовен црковен собир во Струга. „Во градот каде што смртноста од вирусот е 20 отсто од бројот на заразените, ова е највисоко ниво на неодговорност. Сега …

Остри рекации на Османи и Филипче за Струга, бараат истрага и одговорност Read More »

(Видео) Стотици верници на собир во Струга, без заштитни маски и држење растојание


Масовен верски собир што се одржа денес во Струга на кој многумина од присутните беа без маски и без држење растојание, како што предвидуваат мерките што се во сила, предизвика бројни реакции во јавноста. Станува збор за традиционален верски собир – литија со чесните мошти на Светиот Великомаченик Георгиј и неговата чудотворна икона збогатена и …

(Видео) Стотици верници на собир во Струга, без заштитни маски и држење растојание Read More »

Џафери: По завршување на вонредната состојба ДИК веднаш треба да почне со подготовка на изборите


Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва информира дека добил покана за учество на лидерската средба закажана за 12 мај од кабинетот на претседателот на државата и оти по завршувањето на вонредната состојба ДИК веднаш треба да почне со подготовка на изборите. -Не може Државната изборна комисија да условува. Таа е обврзана според решение на претседател …

Џафери: По завршување на вонредната состојба ДИК веднаш треба да почне со подготовка на изборите Read More »

СДСМ бара оставка од Наќе Чулев поради литијата во Струга и чадната бомба во Скопје


Владејачката партија вечерва побара оставка од техничкиот министер за вантрешни работи, Наќе Чулев, поради масовниот црковен собир во Струга во време на вонредна состојба, но и за инцидентот на прославата на Денот на полицијата, кога чадна бомба за време на вежбата падна на местото каде што беа претставниците на дипломатскиот кор во земјава. „СДСМ бара …

СДСМ бара оставка од Наќе Чулев поради литијата во Струга и чадната бомба во Скопје Read More »

Маричиќ: Бугарија излезе надвор од Договорот за добрососедство


Бојан Маричиќ, национален координатор за ЕУ, вечерва на ТВ24 изјави дека дел од забелешките на Бугарија излегуваат надвор од Договорот за добрососедство и пријателство меѓу двете земји. И покрај острата ретрорика од Софија, тој не очекува Бугарија да стане нова Грција во нашите европски интергации. Според Маричиќ, токму Договорот за добрососедство е одговор за „неразумни …

Маричиќ: Бугарија излезе надвор од Договорот за добрососедство Read More »

На уставниот судија Владимир Стојаноски му завршил мандатот


На Владимир Стојаноски (59), судија со најдолг стаж во Уставниот суд на 13 април му завршил мандатот, но тој поради воведувањето на првите 30 дена на вонредната состојба на 18 март му е продолжен мандатот. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во вечерашново гостување на Телма соопшти дека претседателот на Уставниот суд два пати го известувал …

На уставниот судија Владимир Стојаноски му завршил мандатот Read More »

Даниловски: Земјава добро се справи со корона кризата


Епидемиологот и доктор Драган Даниловски смета дека земјава добро се справила со ширењето на коронавирусот и оти тоа немaло да може да го направи со полабави мерки. Останува, вели тој, да се надеваме дека вирусот како што се појави за три месеци ќе исчезне, како што велат одредени експерти, но секако треба да сме подготвени …

Даниловски: Земјава добро се справи со корона кризата Read More »

Заев: Економијата е стабилна, мерките што беа преземени се навремени


Македонската економија е стабилна. Државата веќе обезбеди средства за првите два пакети мерки за поддршка на бизнисот, ако е потребно ќе обезбедиме и трет пакет. Мерките што се преземени се навремени. Обезбедени се и пари за покривање на дупката во Буџетот поради кризата, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев. Државата, рече тој,  има намален дел …

Заев: Економијата е стабилна, мерките што беа преземени се навремени Read More »

Заев очекува Бугарија да продолжи да ни биде искрен пријател


Очекувам во идниот период Бугарија да продолжи да биде искрен пријател на Република Северна Македонија. Верувам дека и прашањето за Гоце Делчев ќе го решиме во духот на заедничката историја, каде што двата народа, и македонскиот, и бугарскиот, ќе останат горди народи. И тука да нема дилема, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Тој додаде …

Заев очекува Бугарија да продолжи да ни биде искрен пријател Read More »