Антонио Милошоски побара да му се суди на Заев


Високиот функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, побара денеска Зоран Заев „да се врати таму од каде што почна пред да биде премиер, а тоа е во судските клупи“. Зборувајќи на прес-конференција тој испорача барања од партијата: техничкиот министер Наќе Чулев и обвинителката Вилма Русковска да почнат да ги вештачат телефонот и комуникациите на Заев од март, април и мај 2019 година.

Милошоски тоа го кажа во контекст на процесот за случајот „Рекет“ и комуникацијата што ја имал со обвинетиот Бојан Јовановски. Тој обвини „дека Зоран Заев не само што бил глава на рекетарската шема, туку бил и главниот бранител за тоа како од него ангажираните рекетари да ја менаџира штетата и да гледа да ги заштити во рамките на неговото влијание во обвинителството и судството“.