Маричиќ: Бугарија излезе надвор од Договорот за добрососедство


Бојан Маричиќ, национален координатор за ЕУ, вечерва на ТВ24 изјави дека дел од забелешките на Бугарија излегуваат надвор од Договорот за добрососедство и пријателство меѓу двете земји. И покрај острата ретрорика од Софија, тој не очекува Бугарија да стане нова Грција во нашите европски интергации. Според Маричиќ, токму Договорот за добрососедство е одговор за „неразумни барања“.

„Ние имаме чиста одлука за почеток на преговори неусловена од ништо и на таа одлука се согласила и Бугарија. Бидејќи нема официјален услов Бугарија решила еднострано да прикачи изјава во којашто ги прикажува сопствените очекувања за одредени прашања поврзани со текот на преговорите, односно со спроведувањето на Договорот за добрососедство. Тој Договор за пријателство и добрососедство со Бугарија во наредниот период ќе ни биде токму и одбрана од неразумни барања, барања кои се надвор од договорот, а дел такви барања надвор од договорот има и во едностраната изјавата на Бугарија“, изјави Маричиќ.

Маричиќ ги отфрли бугарските забелешки со овие зборови: „Дали сме Македонци или говориме македонски јазик не може да е предмет на дебата, бидејќи самиот договор е потпишан на македонски јазик. И тие ја прифаќаат реалноста дека македонскиот јазик постои“.

Според него, целта на Договорот не е некоја земја да се откаже од нешто (како ние од Гоце Делчев) и дека ова прашање ќе треба да го решат историчарите од експертски аспект, посочувајќи дека „има историски личности на коишто полагаат право повеќе дражави“.