Костов: Со почитување на мерките за празниците, не би требало да има зголемен број на позитивни од Ковид-19


 Со помош на вакцините и постоечките мерки, бројката на новозаболени од коронавирусот, после празниците не би требало да се зголеми, вели директорот на ГОБ „8 Септември”, д-р Кристијан Костов. Костов апелираше претстојните празници да се прослават во домашни услови и да се почитуваат мерките за носење маска и држење дистанца што е можно повеќе. -Секој […]

Пет лифтови направени според современи стандарди пуштени во употреба во ГОБ „8 Септември“


Пет нови лифтови направени според современите ЕУ стандарди од кои три болнички со носивост 1600 килограми и брзина на движење до 1,6 метри во секунда и два патнички се пуштени во употреба во Градската општа болница „8 Септември“, изјави денеска директорот на болницата, Христијан Костов. Тој посочи дека лифтовите се со многу подобри карактеристики отколку […]

Шанса за Центар: Нема празници за сечачите на Водно


На 31 декември, на часови пред Нова Година, инвеститорите не мируваат. Утрово работници почнуваат да ги сечат дрвјата на првата парцела на Водно за која е издадена градежна дозвола. Граѓаните од улицата „Питу Гули“ се вчудоневидени од итањето да се почнат работите на парцелата иако почнуваат празниците. Вчера Советот на Општина Центар едногласно ја задолжи […]

Поскапе и парното греење – скопјани ќе плаќаат 14 отсто повисоки сметки


  Цената на парното греење за скопјани од утре се зголемува за 14,05 отсто, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Процентот на зголемување на цената е ист за трите компании кои ги снабдуваат граѓаните со топлинска енергија  – Балкан енерџи груп (БЕГ), ЕСМ Енергетика и Скопје Север. Со одлуката на РКЕ […]

Маричиќ: Потребно да се опстои на патот по кој тргнавме, патот на реформите


Реформите во секторот не се ниту брзи, ниту едноставни. Потребно да се опстои на патот по кој тргнавме. Патот на реформите, а резултатите сигурно ќе дојдат, вели министерот за правда Бојан Маричиќ во своето новогодишно видео обраќање, упатувајќи желби пред сè за добро здравје, успех, среќа и да имаме нова година исполнета со успеси на […]

РСБСП: За време на Новогодишните празници возете одговорно и безбедно


Бидете внимателни за време на Новогодишните празници. Возете одговорно и безбедно, апелираат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП). Од РСБСП препорачуваат во текот на Новогодишните празници да не се вози под дејство на алкохол. возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот и да ги почитуваат правилата за нејзиното ограничување, […]

Во присуство на пандемија, но со можност за прослава во угостителски објекти граѓаните ќе ја дочекаат Новата 2022 година


Во присуство на Ковид пандемијата и со полабави мерки граѓаните ќе ја дочекаат новата 2022 година. За разлика од лани, тие годинава ќе имаат можност да ја прослават новогодишната вечер во угостителските објекти. Даниел Костовски, менаџер во ресторанот „Soul Kitchen Bar“, истакнува дека еуфоријата околу новогодишната прослава е малку поголема. Во однос на цените на […]

На 1 и 2 јануари ЈСП ќе сообраќа по неделен возен ред, од понеделник по редуциран зимен ред


Автобусите од јавниот превоз во Скопје утре, 1 јануари, ќе сообраќаат по неделен возен ред, при што првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред. В недела (2 јануари) ќе се вози по неделен возен ред, со вообичаените термини на првите вклучувања на сите линии, соопшти Јавното сообраќајно […]

Најстудено утрово на Попова Шапка, минус 3 степени Целзиусови


Најниска темепратура утрово во земјава е измерена на Попова Шапка од -3 степени Целзиусови. Како што соопшти УХМР, следат Маврови Анови, Тетово, Штип, Струмица со -2 степена,  -1 Крушево, нула степени во Претор, Битола, Виница, Прилеп, Дебар, Скопје – Петровец, 1 Крива Паланка,  Лазарополе, Охрид, Демир Капија, Скопје – Зајчев Рид, 3 Куманово, 6 Дојран, […]

На новогодишната ноќ ќе преовладува ведро време


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец. Во текот на новогодишната ноќ ќе преовладува ведро време, по одделни котлини со појава на магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. […]

„Радика вилиџ“ се гради по незаконски донесен план


Aрхитектонско-урбанистичкиот проект (АУП) со кој се предвидува изградбата на 87 луксузни куќи во рамките на „Радика вилиџ“ во село Леуново е донесен без водостопанска согласност од страна на Министерството за животна средина со што се става под знак прашалник законитоста на овој документ за плански опфат што го одобрила Општина Маврово и Ростуше, пишува Истражувачката […]

Орце Камчев oд вчера е во болницата „Аџибадем Систина“


Бизнисменот Орце Камчев од вчера со дозовола на Основниот кривичен суд Скопје од затворот во Шутка е на прегледи во приватната болница „Аџибадем Систина“. Тој е обвинет во случајот „Плацеви на Водно”. Од март годинава Камчев неколку пати бил на прегледи, но Кривичниот суд првпат дозволува тој да оди на прегледи во приватната болница во […]

В година четири продолжени празнични викенди за сите граѓани


Во 2022 година македонските граѓани ќе имаат четири продолжени викенди. Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, пет се поврзуваат со викендот, но два празника неработни во ист ден. Лани имаше пет продолжени празнични викенди, а во 2020 година шест. Првиот продолжен викенд за сите граѓани ќе биде за време на божикните празници, кога […]

Граѓаните вечерва ќе ја дочекаат новата 2022 година со полабави мерки од лани


Со полабави мерки во однос на лани, скопјани и сите граѓани ширум државата ќе ја испратат старата 2021, а ќе ја дочекаат новата 2022 година. Овој 31 декември и покрај тоа што пандемијата предизвикана од Ковид-19 е се уште присутна, граѓаните се организираат да ја прослават Новата година на плоштадите, во туристичките центри, во кафеаните, […]

Учениците од денеска на тринеделен зимски распуст


Околу 260 илјади ученици во основните и средните училишта од денеска се на тринеделен зимски распуст, кој ќе трае до 19 јануари. Според календарот на МОН за организација на наставата, во училишните клупи треба да се вратат на 20 јануари за да ја продолжат учебната 2021/2022 година. Поместување на зимскиот распуст односно одложување на почетокот […]

Досега потврден еден случај на омикрон во државата, процентот на позитивност 6,7 отсто


Досега во државата е потврден еден случај на омикрон, соопшти синоќа Министерството за здравство, кое ја демантираше веста за нов потврден случај на овој сој на корона вирусот во Струга. – Со секвенционирање на вирусот SarsCoV2 досега сојот омикрон е детектиран само кај еден пациент кој во државата пред извесно време се вратил од Велика Британија, соопшти […]

МЗ: Не е извршено секвенционирање на брис кај пациент од Струга за да се утврди присуство на омикрон сојот


Со секвенционирање на вирусот SarsCoV2 досега сојот омикрон е детектиран само кај еден пациент кој во државата пред извесно време се вратил од Велика Британија, соопшти вечерва Министерството за здравство, посочувајќи дека утврдување на присуство на сој на корона вирусот се врши единствено и исклучиво со секвенционирање, додека ПЦР тестирањето може да биде само индикација, […]

Потврден првиот случај со омикрон во Струга


Потврден е првиот случај со омикрон, новиот сој на Ковид – 19 во Струга, информира за МИА епидемиологот од Центарот за јавно здравје Јованка Струлакова – Коровешоска. Се работи за асимптоматски случај кај повозрасно лице, вакцинирано со две дози „Фајзер“. -Лицето во моментот е во изолација. ПЦР тест правеше пред една недела заради патување во […]

Магичната атмосфера на плоштадот ја направија скопјани


Новогодишните празници ни се на прагот. Украсувањето на главниот град се случи во последен момент, но тоа не ги спречи скопјани да излезат на новогодишна прошетка на плоштадот „Македонија“, да ги поведат своите најмлади, но и милениците. Магичната, предновогодишна атмосфера ја направија токму тие, луѓето, кои излегоа да прошетаат во центарот на главниот град. А […]

Јовески : Ставот на Обвинителството беше да не се прифати гаранцијата за Мијалков


Да не се прифати понудената гаранција за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, беше ставот на Обвинителството во постапка што се водеше. Овој став, како што вели во интервју за МИА државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, произлегува од неколку причини. Не мало значење, според него, има и податокот дека за дел на имотот претходно е […]