Иницијатива „Дарувај книга – размени книга” во М.Каменица


Фото: Б. Грданоски

Во Македонска Каменица почна иницијативата „Дарувај книга – размени книга”. Од Општината информираа дека иницијативата е во насока на подобрување на услугите кои ги нуди Градската библиотека преку зголемување на фондот на нови книги, кои ќе можат да ги користат граѓаните на оваа општина.

-Учество во реализацијата на оваа иницијатива земаат и градската библиотека, невладиниот сектор, приватни компании и Општина Македонска Каменица – дел од општинска администрација задолжен за родова еднаквост и еднакви можности за сите, истакнаа од Општината.

 
Целта на иницијативата, како што додадоа, меѓу останатото е да се овозможи збогатување на знаењата на каменичани преку пристап до поголем фонд на книги од различни жанрови.
 
-Неколку општествено одговорни компании од Македонска Каменица веќе позитивно одговорија и се вклучија во иницијативата „Дарувај книга – размени книга“ која се реализира со медиумска поддршка од kamenica.mk. Очекуваме во многу краток рок градската библиотека да добие стотици нови наслови, додадоа од Општина М.Каменица.
 
Иницијативата „Дарувај книга – размени книга” е на група ентузијасти, кои како дел од реализацијата на проектот се залагаат за подобра промоција на македонската и светската литература.