(Видео) Ангелов за единствениот број 112 – почнува едукативна кампања


Кампања во соработка со канцеларијата на ЕУ, на две национални телевизии, на македонски и албански јазик, почнува за запознавање на граѓаните со функционирањето на единствениот број 112. Досега за еден месец се примени околу 27.000 повици, од 1 март, или повеќе од 1.550 повици на дневна основа.

– Со оваа кампања граѓаните ќе бидат запознати со функционирањето на бројот 112. Исто така, кампањата ќе оди на радиостаници, локални телевизии, како и на интернет, на читани веб-портали и на Фејсбук – рече Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

Изработенис е два спота, па така на едниот спот може да видиме пријавување пожар, кога граѓанин забележува пожар кпокрај патот додека се вози. Следниот спот е за јавување при потреба од брза помош.

– Во изминатиов месец, забележавме некои пропусти. Тоа немаше да биде можно ако го пуштевме бројот на целата територија. Слабостите се во однос на комуникација со останатите институции. И понатаму постојат броевите 192, 193 и 194, па секој може да се јави на кој било број еден од претходните или на 112 ќе добијат помош. Можно е на 112 да се сврти без да се сака, со носење на телефонот во џеб или имаат мали деца, затоа што тој автоматски постои во телефонот. Постојат и деца ки сакаат да се јават на овој број да видат дали функционира. Тоа се ненамерни јавувања. Дел од граѓаните мислат дека на овој број може да се јават до нивните мобилни оператори, но тоа не е случај – рече Ангелов.

Тој појасни дека има и злонамерни повици но во мал обем. Граѓани се јавуваат и молчат, некои навредуваат, поставуваат несоодветни прашања, но системот ги снима, па преку МВР може да поднесеме пријава до обвинителството, појасни Ангелов.

– Генерално, нашите искуства се позитивни. Нашите оператори одговараат и за нешто што не е во нивна надлежност и ги упатуваат граѓаните на вистинската адреса – рече Ангелов.

Најдрастичен пример за злоупотреба, според него, е кога граѓанин се јавил и се заканувал дека ќе ги убие, но биле преземени мерки за спречување на таквите појави.

Проследете ја прес-конференцијата на директорот на ЦУК Стојанче Агелов, за единствениот број за помош 112.